• Сподели на:

Зачинете го сексуалниот живот со нови и интересни пози

___

Зачинете го сексуалниот живот со нови и нтересни пози. Понекогаш е нормално на периоди да се случи да западнете во рутина, па секс позите да ви се исти, но затоа ние ќе ви понудиме некои нови пози или пак ќе ве потсетиме на некои кои можеби ги имате заборавено.

Поинаква мисионерска поза

Мисионерската поза е најчесто практикувана поза. Но оваа е поинаква, станува збор за поинаква положба на нозете. Жената лежи на грб, а нозете и се собрани, а партнерот е одозгора со раширени нозе. Оваа поза е добра за двајцата затоа што, споените нозе на партнерката го стеснуваат влезот, а со тоа и пенетрацијата е поголема. Партнерот може малку повеќе да се препоти, но ќе се исплати трудот.

Ножички

Оваа интимна поза се изведува така што жената лежи на грб со раширени нозе. Едната нога е испружена, а другата свиткана во коленото така што ќе се потпира на стапалото. Партнерот е во седечка положба така што едната нога му се наоѓа под вашата испружена а другата е над онаа нога која ви е свиткана нагоре.

На наслонувачот

Жената седи на работ од столот и со двете нозе го префаќа партнерот кој клечи пред неа. Во оваа поза партнерот може да се придржи за столот.

Танц во скут

Во оваа поза жената го контролира ритамот. Овој пат мажот седи на работ од фотељата или столот, а партнерката е на него, со раширени нозе. Оваа поза може да се изведе така што жената ќе виде свртена со грб кон партнерот и во тој случај повеќе се стимулира G точката.

 


Оставете коментар

___