• Сподели на:

За оние кои мислат дека се големи е….

___

Повеќето мажи сметаат дека се одлични љубовници, но нивните партнерки не го делат секогаш тоа мислење и мислат дека сексуалните игри можат да бидат многу подобри. Ова се работите на кои најчесто се жалат.

Важноста на предиграта – Не е се во пенетрацијата и во постигнувањето оргазам. Нема ништо лошо во сексот набрзина, но и предиграта носи уживање. Бакнежи, милување, орален секс… Има многу што би можеле да правите пред пенетрацијата и врвот.

Молчењето не е злато – Нема потреба од премолчување на емоциите и желбите. Никој никому не чита мисли и најдобар начин да што повеќе уживате во сексот е да комуницирате со партнерката.

Не е се во оргазмот – Оргазмот никако не би требало да ви биде единствената работа која ви е на памет, ниту пак би требало да биде единствена цел. Опседнатоста со оргазмот создава притисок и кај мажот и кај жената. Пробајте да уживате во целото искуство, во допирите, бакнежите. Продолжете го уживањето, наместо да форсирате оргазам.

Оралниот секс е повеќе од самото лижење – Многу мажи го изведуваат оралниот секс лижејќи го меѓуножјето на жената како во порно филмовите. Иако тоа можеби изгледа добро на екранот, таквата техника не е препорачлива. Секој има различни желби, па време е да научите што точно партнерката сака. А за тоа е потребно многу, многу пракса…

Мудро користете ги прстите – Пенетрацијата со прсти е нормален дел од предиграта, но некои мажи премногу се занесуваат, а тоа не е пожелно. Земајќи во предвид дека многумина не знаат што жената сака, се случува да ја забрзаат пенетрацијата со прсти и притоа не се баш нежни. Кога се во прашање прстите – користете ги мудро и следете ги реакциите на партнерката.

Нејзиниот клиторис не е како греб-греб лотарија – Секој маж ќе ви каже – немојте да го занемарувате клиторисот. Секоја жена што сте ја сретнале, веројатно попрво ќе сврши со стимулација на клиторисот отколку со самата пенетрација. Ова пак за многу мажи значи дека треба да го тријат и тријат клиторисот, додека нивната партнерка да стигне до врвот. Важно е да се знае дека клиторисот е чувствителен и дека интензивната стимулација може да биде болна. Со клиторисот треба внимателно.

Посветете внимание на целото нејзино тело – Повеќето мажи се фокусираат воглавно на градите и вагината. Но, партнерката веројатно ќе ужива ако ја бакнувате по вратот, но не цело време, се разбира. Бидете креативни, ниту една жена не мечтае за предвидлив љубовник.


Оставете коментар

___