Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

За мажите црвениот фустан е секогаш секси

Ако размислуваш да облечеш црвен фустан за твоето вечерно излегување, очекувај дека сите погледи ќе бидат вперерни во тебе, и машки и женски.

Кога ќе видат дама која на себе има црвено парче гардероба, жените ја перцепираат како промискуитетна, таа која има склоност за љубовни и секс афери. Затоа, ако се одлучиш да облечеш црвен фустан, жените нема да бидат опиени од твојата убавина, ниту ќе гледаат како ти стои фустанот, ќе гледаат во тебе зашто ќе се плашат од тебе, мислејќи дека имаш намера да го заведеш нивниот дечко.

Бојата на облеката која жената ја носи влијае и на тоа како мажите ќе ја гледаат. Црвената боја асоцира на секс, бидејќи тоа е бојата која е симбол на љубовта и страста. Поради тоа жените не сакаат други жени кои носат црвена гардероба да биде во блиско опкружување на нивните партнери.

Постои и биолошко објаснување зошто црвената боја дава толку голема сексуална конотација. Кога жените се возбудуваат сексуално, нивните образи добиваат црвенкаста боја.

Направена е една студија во која жените гледаат дами облечени во бело, а потоа истата фотографија е дигитално обработена и претставено е дека дамите носат црвена боја.

На прашањето која од дамите изгледа промискуитетно, поголемиот дел од учесниците ги посочиле дамите облечени во црвено.

Во другиот дел од прашалникот, жените давале оцена врз основа на фотографијата која од дамите е верна, а која не.

Можеби е изненадувачки, бидејќи белата боја е симбол за невиност, но тие сметале дека жените во бело се посклони да ги изневерат своите партнери.

На крајот, жените ги споредувале фотографиите на дамите во бела и црвена облека, а поголемиот број од учесничките изјавиле дека не би дозволиле нивниот партнер да биде на само со некоја “огнена девојка”, додека не би имале ништо против нивниот партнер да се запознае со девојките во бели фустани.

За повеќето мажи девојките во црвена облека се попривлечни зашто за нив тоа го отсликува нивниот темперамент. И баш тоа е причината зошто ваквите дами им се одбивни на партнерките, бидејќи ги сметаат за помалку верни и ги доживуваат како “опасност”.

 

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...