Не е важно колку знаете за сексот, сигурни сме дека сепак верувате во некои од следните заблуди. Доколку се грижите за вашиот сексуален живот и здравиот однос во вашата врска, време е да го промените вашето мислење.
Дали ви се чини дека знаете се за жените и сексот? Сте имале многу девојки досега, и скоро сите пози сте ги пробале во вашиот живот? И да е така, некои заблуди за женската сексуалност се толку далеку отидени во машките кругови, што скоро сите припадници на посилниот пол веруваат во нив, иако не би требало.
За да не бидете како еден од нив, време е да се издвоите од масата на незнајковци и да бидете свесни дека следните точки немаат никаква врска со реалноста.
ЖЕНИТЕ САКААТ СЕКС ВО ТРОЈКА
Мажите мислат дека жените многу често фантазираат за други жени, а уште повеќе уживаат ако во тие слики им се придружи маж. Навистина, можеби на некои дами им е тоа привлечно, но исто така постојат и оние кои се гадат од таа идеја.
ЖЕНИТЕ САКААТ АНАЛЕН СЕКС
Во порно филмовите мажот воопшто не бара начин како да “каже” за овој предлог, ниту се грижи дали тоа нејзе и е непријатно или болно. Во реалноста, вакви или слични авантури на секс подразбираат стабилна врска, доверба, голема количина на лубриканти и понекоја чашка за опуштање пред сексот. Затоа бидете нежни кон вашата партнерка.
ЖЕНИТЕ НЕМААТ ПОТРЕБА ОД ОРАЛЕН СЕКС
Од некоја причина, мажите мислат дека апсолутно задоволство на жената е нему да му пружи орален секс, но истовремено не уживаат толку кога го добиваат. Но, момци, навистина сте во заблуда! Точно е тоа дека на жената и е важно мазењето, секси разговорите, нежните бакнежи по вратот, грицкањето на ушите, но и тоа како им е важен и оралниот секс!
ЖЕНИТЕ ИМААТ ВЛАКНА САМО НА ГЛАВАТА
Во машката свест не постои поимот “пораснати влакна”, “алергиски осип”, или “фаза три дена по депилирање”. Тоа е така се додека не се впуштите во вистинска врска и сфатите дека интимната хигиена и разубавувањето е секојдневна обврска на жената која одзема многу време.




You must be logged in to post a comment Login