Интимното започнување на денот ја води вашата врска до ново емотивно ниво и се одразува позитивно на расположението и здравјето. Новите истражувања покажуваат дека денот треба да се започне со секс, не со кафе!
Дури и љубовните изјави може да направат да се чувствувате одлично, демонстрацијата на љубовта не е доволна. Со секс вие се зближувате со партнерот не само физички, туку и емотивно. Денот ви започнува со љубов и желба за убави и пријатни чувства, кои ќе ве држат преку целиот ден.
Сексот наутро заменува гимнастика или џогирање, бидејќи оптоварува многу мускули истовремено. Сигурно во кревет со партнерот можете да согорите многу повеќе калории отколку ако седите и пиете кафе. Друго истражување докажува дека сексуално активните луѓе работат понапорно.
Неверојатно е и колку многу здравствени продобивки ќе имате од утринскиот секс. Нема потреба да користите шминка, бидејќи лицето ќе ви изгледа свежо и со блескав природен тен. Сексот го зајакнува имунолошкиот систем, го намалува ризикот од срцеви проблеми, го намалува крвниот притисок, благодарение на високите нивоа на окситоцин, кој се произведува за време на возбуда.
Со сексот го задржувате балансот на естроген и тестостерон во организмот, ги зајакнувате карличните мускули и мочниот меур. Се намалува главоболката и болките во грбот.



You must be logged in to post a comment Login