• Сподели на:

Учете од професионалци: 5 секс совети од порно ѕвезди!

___

Станете божица на сексот со помош на исклучително добрите совети на порно ѕзведите…

Кога станува збор за порно филмовите, нема сомнеж дека дека сите сцени делуваат прилични вештачки и неприродни – бидејќи, тие се такви. Сепак, некои трикови може да се научат од нив.

Водете се по оваа логика: Воздишки во стил на постар шимпанзо – не е особено секси; секси костим кој ќе ја растури вашата вообичаена рутина – може да помине!

И иако животот не е филм, како и порно филм, актерите кои се експерти за филмови за возрасни, можат по нешто од целото тоа знаење кое со искуство го стекнале и да го поделат со пошироката околина. Еве пет совети кои е сосема безбедно да ги примените во реалниот живот:

Без срам во зборувањето валкано

Веројатно во проно филмовите сте забележале дека сексот често започнува со валкан разговор, а поентата на dirty разговор е да ви го подигне либидото и да ве подготви за жешки и секси игри. Не се плашете да бидете kinky и да ја ослободите вашата имагинација. Сите сакаат убави комплименти, а со еден сочен поглед дефинитивно ќе распалите.

Бидете само сигурни дека никој освен вас двајца не слуша за што зборувате. Нема потреба вашите комшии да знаат колку го сакате неговиот алат и цврст задник.

Играње на улоги може да биде многу секси

Играње на улоги може да биде една од најпривлечните работи во спалната соба. Следниот пат кога ќе одлучите да имате една kinky партија со вашиот партнер, обидете се да играте игри и да одберете некој интересен лик. Дрвосечач, водоводџија, згоден професор, односно ученичка, медицинска сестра, професионална масерка – нешто што ќе ви падне на ум. Поентата да одберете одредена тема и лик и задолжително да ја имате соодветната облека.

Оставете ја облеката на себе

Ако сте обрнале внимание, сте забележале дека повеќето порно ѕвезди не соблекуваат се од себе за време на секс сцените. Повеќето жени не ги симнуваат чевлите, а мажите сакаат да останат во кошула. Овие потези придонесуваат мистичност, неизвесност и многу повеќе ги разгоруваат страстите меѓу вас.

Помеѓу предиграта и пенетрацијата

Сексот може да биде прилично предвидлив – бакнеж, допир на препоните, малку лижење и грицкање, пенетрација и на крајот вистинско возбудување. Ако навистина сакате да имате секс за паметење, тргнете од предигра со секс, па вратете се на орален секс. Со овој потегја зголемувате сексуалната напнатост, возбудата расте, како и вашата сензуалност и нетрпеливост.

Секогаш со соодветниот алат

Само напред! Во сексот не постојат предрасуди, па ако имате некоја предрасуда за секс помагала, сега е вистинско време да ги надминете. Вибратори, корсети за брадавици…ослободете ја вашата имагинација. Разбудете ги Анастасија Стил и Кристијан Греј во себе (секако во границите на нормалата). И бидете сигурни дека при рака имате многу лубриканти, односно средства за подмачкување.


Оставете коментар

___