• Сподели на:

Совети од најстариот секс терапевт во светот

___

Докторката Ширли Зусман има и понатаму активно се занимава со терапевтска работа со пациентите од Њујорк.

 

За време на својата кариера, Ширли била сведок на сите важни настани во сексуалната револуција – од легализацијата на антибеби пилулите во 1960 година, преку епидемијата на сида во осумдесеттите, до изобилството на сексуални содржини кои денес се нудат на интернет.

 

Еве што мисли таа во врска со сексот за една вечер, мобилните телефони и модерниот начин на живот.

 

Како работата го уништува сексуалниот живот

 

„Денес луѓето поинаку го користат своето време. Сите постојано се зафатени. Додека јас растев, тоа не беше така. Во овој стадиум од нашиот развој ние сакаме да постигнеме сè, да заработиме што повеќе, да бидеме секокаш информирани, а тоа ни одзема многу време“, вели Ширли.

 

Ограничени се количината на енергија, желби и време кои можете да му ги посветите на партнерот, а со сета нервоза околу заработувањето пари, предупредува Ширли, останува малку енергија и време да се посветите на саканата личност.

 

„Имав пациентка која ми се жалеше дека го сака својот сопруг, ужива да води љубов со него, но кога ќе се врати од работа, само сака да ја прегрне перницата и да заспие. Исцрпена е и физички и психички“, открива Ширли и додава дека решението е во одредувањето на приоритетите. Ако ви е поважно да купите нов автомобил отколку да го задржите партнерот, тогаш продолжете да работите со лудачки ритам.

 

Поголема отвореност кон сексот

 

Некогаш на луѓето им беше срам да одат кај социјален работник или психијатар бидејќи тоа значеше дека имаат проблем. Денес ситуацијата е многу подобра, луѓето се послободни да се обратат до стручно лице за совет.

 

Од друга страна, таа застапеност на сексот во нашето секојдневие, која оди дотаму што секоја реклама мора да има некоја сексуална конотација за да го продаде производот, доведува до тоа луѓето да го гледаат сексот како неопходност, како доказ дека се нормални, дека вредат само доколку имаат редовен секс. Таквата поставеност на работите создава вистинска фрустрација во главите на луѓето и во нивните кревети.

 

Разликата меѓу сексот без обврски, некогаш и сега

 

„Мислам дека постои огромна разлика во начинот на кој го гледаме сексот без обврски. Во шеесеттите тој секс не беше само без обврски, туку беше и луд, див. Беше нешто што се бараше, што се очекуваше и постоеше некоја луда бркотница за сексуално задоволство. Меѓутоа, со текот на времето, постоеа и сè појасни негативни последици од таквото однесување. Се јави загриженост поради сексуални болести, постоеше очигледен недостаток на емотивна поврзаност и на тој начин, престана да биде толку забавен“, смета Ширли.

 

Порнографија на интернет

 

Порнографијата не е ништо ново, постои уште од праисторијата. Мислам дека е добра бидејќи им дозволува на луѓето да развиваат фантазии. Меѓуто, имам одреден број пациенти кои го поминуваат своето време пред компјутер и го изгубиле интересот да бараат вистински партнери. На мажите особено, им е полесно да се самозадоволуваат, отколку да излегуваат меѓу луѓе и да го прифатат ризикот да бидат одбиени.

 

Ера на смартфони

 

„Шокирана сум од отуѓеноста на луѓето поради смартфоните. Кога малку подобро ќе погледнете, речиси и да нема физички контакт меѓу луѓето, едноставно помалку се допираат, помалку разговараат, помалки гледаат, се прегрнуваат, се смеат. Не ми е јасно како луѓето не забележуваат дека тоа им недостасува, кога знаеме колкаво задоволство може да ни донесе нечија прегратка, насмевка…


Оставете коментар

___