• Сподели на:

Соништата откриваат многу: Со кој водите љубов?

___

Ако пртходната вечер сте сонувале див секс со непознат љубовник тоа значи дека ви недостасуваат машки хормони, а ако сонувате сон со шефот тоа значи дека мора да превземете контрола врз својот живот.

Според резултатите од истражувањето спроведени на Факултетот за толкување на сонови и кошмари во Монтреал 8% од нашите сонови се поврзани со сексот (докажано е дека мажите сонуваат перверзен секс почесто од жените).

Откријте што всушност значи ако сонувате оргија, секс со шефот, а што реприза од вашиот љубовен живот.

seks-1379174809-13960

Мистериозен љубовник

Стручњакот за толкување на сонови Лори Квин Ловенберг, авторка на книгата „Само сонувајте“ и „Толкувајте ги своите сонови, променете го својот живот“, тврди дека ако во сон имате секс со непознат фраер на кој не му го помтите лицето не значи ништо друго освен дека ви недостасуваат машки хормони. Тој човек не претставува никаква сродна душа со која некој ден ќе уживате во секс, туку треба да ве потикне да се однесувате пофраерски и да се заземете за себе.

Секси афера со друг фраер

Ловенберг тврди дека во сон во кој се плеткате со непознат фраер кој не е вашиот дечко, маж или партнер укажува на некои проблеми во однос со вашиот партнер. Кривицата која ја чувствуате после таков сон, укажува дека нешто ви го одвлекува вниманието од вашиот љубовник. Нешто друго ви  е поинтерсно и не може да се потпрете на вашиот партнер. Длабоко во себе, веројатно и сами занете дека нешто не е во ред и време е да се соочите со тоа.

seks-partneri-muskarci-zene-1378151527-12306

Секс со ист пол

Иако ваков сон може да биде збунувачки, нема место за паника. Ако сонувате секс со девојка и во тоа уживате, немојте да паничите. Според  DreamMoods.com ја нагласува вашата самопочит и само прифаќање. Значи ако сонувате секс со друга девојка вие си изјавувате љубов на самите себе.

Секс со бившиот

Овој сон е забавен. Иако мислевте дека таа врска е одмана завршена приказна и дека чувствата спрема бившиот се исчезнати, како може сега да го сонувате? Ловенберг тврди дека кога сонувате секс  со бившиот мора да го разбудите вашиот сексуален живот. Може да укажува на малку сексуални активности (можеби се наоѓате во сушен период) или врската во која сте во моментот и недостига страст! Совет е е да се ставите во секс акција!

Секс со колега на работа

Секогаш е забавно да се дојде на работа а преку ноќта сте лудувале со колегата кој седи преку вас. Ако не сте заљубени во него од претходно овој сон може да значи дека треба да соработувате, да научите или барате совет од тој колега за да напредувате. Самиот тој сон значи дека секако ќе му посветите повеќе внимание.

seks-1378826067-13310

Секс со шефот

Ова е еден од највозбудливте и најнеугодните сонови, посебно ако наредниот ден сте во канцеларија. Толкувањето на соновите не придаваат толку внимание на самата личност, туку што таа личност претставува. Во овој случај, вашиот шеф е симбол да превземете иницијатива во некој сегмент од животот. Да ги превземете работите во свои раце.

Оргија

Според DreamMoods.com кога сонувате оргија тоа има едноставно значење. Тие се симбол за страст, желба и потреба за секс. Иако има и друго толкување а тоа е дека сте изгубени во животот и дека морате да посветите внимание каде го трошите своето време и енергија и да се поставите себе во преден план, секако на ваше задоволство.


Оставете коментар

___