За да ја задржите блискоста со партнерот и романтиката во врската, многу е важно да имате секс, и тоа не било каков секс, туку добар секс.
Понекогаш се случува паровите да имаат одлична врска и да се сложуваат за многу работи но сексот да им е ужасен. Дали врската без добар секс може да опстане?
Ако сексот во вашата врска е ужасен, не морате веднаш да ја прекинете врската. Доволно е малку труд за да се вратите на вистински пат и да останете со партнерот кој го сакате.
Често се случува мажот воопшто да не води сметка дали неговата партнерка доживува оргазам. Тоа не мора да значи дека тој е себичен, туку можеби е само несигурен по тоа прашање. Ако е тоа случајот, важно е да му покажете на партнерот дека и на вас ви е до оргазмот исто колку и на него, и да му покажете начин на кој најслесно ќе дојде до саканата цел.
Понекогаш се случува сексот во долги и сериозни врски да е досаден, бидејќи партнерите се плашат да експериментираат. Многу е важно партнерите да покажат што сакаат и да не се срамат од тоа. Без разлика на тоа колку долго сте во врска, ослободете се од стравот и почнете да екпериментирате.
Исто недостатокот на секс може да е последица на други проблеми кои партнерот ги има во животот. Можеби сте под стрес, па сексот ви е последна работа која ви паѓа на памет. Ако мислите дека го имате овој вид на проблем, потрудете се да разговарате со партнерот и да сфатите во што е проблемот. Можеби никој од вас не е лош во креветот и можеби сексот не ви е лош, туку сте само по голем стрес, па кога е сексот во прашање не се ни трудите.

You must be logged in to post a comment Login