Уште еден мит во врска со сексот и бременоста е срушен. Се покажало дека секс при крајот на бременоста не влијае на забрзување на пораѓањето.
Истражувањето покажало дека не постои разлика помеѓу терминот за пораѓање кај жените кои практикувале секс на крајот на бременоста и кај оние кои се воздржувале.
Гинеколозите изјавиле дека се малку разочарани, бидејќи би било добро кога би постоел таков сигурен и забавен начин да се забрза бременоста доколку парот сака.
Истражувањето ја демантирало научната теза, според која односот во доцната бременост може да предизвика порано пораѓање. Оваа теза се засновала на тоа, бидејќи простангландините од спермата, кои се користат во синтетичка форма за забрзување на пораѓањето, може истото да се предизвика и преку однос, или дека оргазмот може да предизвика контракции на матката.

You must be logged in to post a comment Login