Направете вие и вашиот партнер листа на работи кои би сакале да ги испробате, па секој ден пробувајте барем нешто ново. Ако се плашите да ги покажете вашите облини, направете атмосфера во собата и привремено сокријте ги под пригушено светло, а за тоа може да помогнат и перниците.
На почеток на врската сексот е интересен и возбудлив, но со тек на времето, влегува во рутина, и е се поредок. За да се промени нешто, потребен е труд од двете страни. Во тоа може да помогне едноставно запишување на листа на сите добри страни на вашиот сексуален живот, тврди познатиот британски стручњак за врски Трејси Кокс.
Партнерите треба да направат листа со 5 до 10 работи кои сакаат да ги прават во кревет и листа на работи кои сакаат да ги испробаат. После тоа треба да се договорат што од наведеното им звучи добро и тоа да го испробаат во кревет.
Се препорачува секој ден да пробувате барем една нова работа. Што повеќе пробувате, поголема е веројатноста дека работите ќе се променат во вашиот сексуален живот. Листата треба да ја дополните и променувате секои 3 до 6 месеца, за вашиот сексуален живот да не се најде повторно во криза.
Вие сакате романтика а тој страст ( или обратно )
Добриот сексуален живот значи разновидност во креветот и испробување различни типови на секс. Ако вие и вашиот партнер сакате различни работи, најдобро е да се договорите, и секој нареден пат да пробувате различен тип. Така ќе бидете и двајцата задоволни, а можеби ќе откриете дека во нежното водење љубов уживате подеднакво како и во страственото. Исто не треба да се плашите од договорен секс, бидејќи иако не звучи романтично, тој ќе го појача либидото. Што повеќе имате секс, тоа повеќе сакате акција во креветот.
Не се осеќате пријатно гола поред партнерот
Голем е бројот на жени кои не се осеќаат пријатно во својата кожа, што може да ги кочи во сексуалниот живот. Ако се плашите да ги прикажете своите облини, создадете подобра атмосфера во собата и привремено сокријте ги по пригушено светло. Во тоа помагаат и перниците. Они ќе ги сокријат и критичните точки, но и ќе ја подигнат карлицата и ќе овозможат подобро уживање.
Сексуални проблеми
Разговорот за сексуалните проблеми не ни малку пријатен, затоа партнерите често го избегнуваат. Меѓутоа, со тоа проблемите само се зголемуваат. Кажување на она што ве мачи е чекор до подобар сексуален живот. Во тоа може да помогне едноставна петминутна вежба. Најпрво треба да наместите тајмер на пет минути, во кои едниот партнер ќе каже што го мачи а другиот само ќе слуша. После пет минути, ред е на другиот партнер. Вежбата треба да ја повторувате се додека не се сигурни дека во потполност сте се разбрале. Потоа со заедничи сили започнете да ги решавате проблемите.



You must be logged in to post a comment Login