Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Постои само еден женски оргазам, сè останато е мит

Резултатите од најновото истражување објавено во списанието Clinical Anatomy покажуваат дека со години жените биле поврзани со сексуални проблеми што воопшто не постојат. Научниците Винчензо Пупо и Џулија Пупо во нивната студија заклучуваат дека вагиналниот оргазам не постои.

Долго време се дискутираше дали постои Г-точка, одредени испитувања покажаа дека фамозната Г-точка ја имаат само четвртина жени, додека некои сметаа дека таа не постои.

„Секоја жена е индивидуална, а во сексуалниот чин има уникатни движења и начини кои ја доведуваат до оргазам“, смета Аликс Фокс која работи за познатиот бренд Durex.

Според неа термините како клиторален оргазам или Г-точка се научно нејасни бидејќи станува збор за специфична локација. Но, со добра и квалитетна едукација партнерите можат да научат што е тоа што кај нив предизвикува врвно задоволство.

Сега, последното истражување покажа дека единствено ткиво заслужно за оргазам кај жените е клиторисот, мало подрачје што се наоѓа надвор од вагината, над нејзиниот отвор. Според Винчензо и Џулија Пупо, сите термини како Г-точка, вагинален и клиторален оргазам се неточни, а единствено како правилен термин го признаваат женскиот оргазам.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...