Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Пет ситници кои ќе ви го променат сексуалниот живот

Експертите за секс и врски секојдневно делат совети на мажите и жените како да го подобрат својот сексуален живот. Но постојат и правила за сексот на кои често се заборава.

Комплексноста на емотивни врски умее да ги искомплицира и случувањата во спалната соба, затоа понекогаш е потребно да почнете од почеток и работите да ги држите со едноставност.

Првиот секс со нов партнер обично не е најдобар

Никогаш до тогаш не сте се соблекле голи еден према друг, Немате поим каков ќе биде тој или таа во сексот. Стравувате како се тоа би испаднало и саката да испадне најдобро за и двајцата да уживате. Опуштете се, првиот секс со новиот партнер и не е најдобар секс, не морате поради тоа да се замарате.

Предиграта е важна

Немојте да допуштате да ве убеди некој дека е подобро спротивното. Понекогаш е потребно да одите пред да почнете да трчате. Позабавно е ако успорите и повеќе ќе уживате ако ја одложите пенетрацијата.

Сексот е неминовно смешен

Чудните звуци, урнебесни изрази и невозможни пози, се е тоа дел од сексот и се тоа понекогаш може да биде смешно. Препознајте ги таквите ситуации кога нешто е смешно и никогаш нема да ви стане непријатна ситуација. Сексот би требало да биде забавен за двајцата.

Ако никогаш не барате тоа што го сакате, можеби никогаш и нема да го добиете тоа

Немојте да се жалите дека нешто ви недостасува во сексот а тоа никогаш не сте го побарале од партнерот или партнерката. Комуникацијата е апсолутна важна кога се во прашање сексот и уживањето. Немојте да очекувате дека некој ви ги чита мислите.

Утринскиот секс е најдобар лек за мамурлак

Можеби ќе појадувате или ќе испиете кафе, но сепак, утринскиот секс по мамурната ноќ можеби ќе ви биде сто пати подобар отколку “пијаниот” секс.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement