Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Оживејте го својот сексуален живот: Кареза секс е идеален за тоа

Најпросто кажано, кареза е чувствителен, сензуален однс без целта на врвот односно оргазмот. Тој е еден од потенцијалните начини да се подобри врската и да го оживее сексуалниот живот. Карезата вклучува редовен однос, но без оргазам. Иако е нов тренд, неговите корени се историски, позајмени од Таоистичките и Тантристичките принципи, рекла Марни Робинсон која е поддржувач на карезата и автор на “Купидоновата отровна стрела” во која пишува за сексот без оргазам.

Треба да се нагласи дека карезата е сексуален однос, а не само мазење и љубење. Односот е генерално чест, но не подразбира да биде секојдневен. Оттргнувањето на оргазмот како цел го става сексот во фокус како сензуално искуство и ги поставува партнерите во тој момент, така да тие мислат на тоа дека даваат и примаат задоволство, а не се стремат само на целта.

Истражувањето покажало дека кога е во прашање сексот, луѓето ја ценат поврзаноста со партнерот многу повеќе отколку самото физичко опуштање. Карезата и слични вежби, можат да го померат фокусот на поврзаноста наместо да паровите да целат кон оргазмот. Истражувачите исто така откриле изненаден висок процент на жени кои хронично и изиритирано плачат по сексот, а ова се објаснува и по задоволен однос со саканиот партнер.

Што донесува кареза?

Откако го пробале кареза сексот, многу пациенти изјавиле дека тоа сексуално искуство го засилило чувството за среќа и го подобриле нивното здравје. Жените користат зборови како што се божество, чисто задоволување, огнено срцево и полно со љубов. Исто така изјавиле дека врската им е по хармонична и забавна. Некои жени се пријавиле и на помали менструални болки како и чувство дека изгледаат помлади.

Еден ма изјавил дека многу се заљубил во својата жена, како за прв пат најискрено, дека биле како тинејџери. И во можност биле да бидат интимни и да имаат односи како никогаш до сега.

Исто така се тврди дека карезата може да излечи сексуални дисфункција предизвикана од гледање на филмови за возрасни. Карезата е дует, а не соло варијанта. Затоа образувајте се и одредете што ви е заедничката цел и сами ќе бидете пресреќни со резултатите.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement