Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Овие зборови сакаат да ги слушнат голите мажи

Мажите и жените се различни кога станува збор за љубовта и сексот, токму и затоа е интересно да се дознае што другиот мисли во одреден момент.

Можеби ќе си речете дека голиот маж и не сака ништо да чуе кога веќе се разгоруваат страстите и во тој миг конверзацијата е излишна. Но, работите и не се толку едноставни како што си мислите, дури и на момците им се потребни неколку охрабрувачки комплименти.

Со додавање на овие неколку зборови во постела, вие откривате нешто секси и ново, но ја подигнувате и самодовербата кај себе и кај вашето момче.

Затоа следниот пат пробајте една од овие (или сите) реченици:

„Те посакувам”-  Никој не би сакал да се најде во ситуација во која нема меѓусебно привлекување. Но, понекогаш е убаво да се чујат овие зборови, со цел да му дадете до знаење дека иако можеби не е совршен, сепак го посакувате.

„Твоето тело изгледа неверојатно” – Дајте му комплименти за стомакот, грбот, рацете, градите и кој било дел од телото. Имајте на ум дека комплиментите не се само за жените, туку и мажите се тие кои сакаат да ги слушаат.

„Кажи ми што сакаш во сексот”-  Ова за вас зборува дека сте подготвени да експериментирате, да пробате нови работи и дека не ја сакате монотонијата. Ако вие ја исполните секоја негова фантазија, верувате дека и тој ќе ви врати со истата мерка.

„Јас имам кондом”- Нема ништо лошо во жена која сака самата да се грижи за своето здравје и која сака сигурен секс. Тоа зборува дека истото го практикувате и со други партнери што резултира во сигурен секс со поголемо уживање.

„Толку ми е добро со тебе”- Секој маж сака да знае дека одлично ја врши својата работата, кога станува збор за сексот. Затоа во текот на сексот, малку охрабрете го, секако доколку навистина се чувствувате така.

За крај, не заборавајте на длабоките воздишки во моментот кога не се потребни додатните комплименти.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement