• Сподели на:

Ова го решава секој проблем во сексот

___

Добрата поврзаност на сексуалeн план е подеднакво важна за успешноста на врската колку и довербата, почитта и љубовта. За сексот треба да се разговара и на него треба да се работи. Ова се советите на доктор Фил Мекгроу:

1. Одржувајте ја целокупната врска на завидно ниво

Доколку еден од вас двајца се чувствува неценето или неподдржано од страна на партнерот, тогаш овој проблем ќе се почувствува и во сексот. Ако сакате добра сексуална врска, тогаш и останатите аспекти од врската мораат да функционираат добро.

2. Истражете ја својата врска

Луѓето се ранливи кога станува збор за сексот. Овој чин е совршен само кога постои ментална, емоционална и физичка доберба. Доколку сте сексуално исфрустрирани, истражете ја вашата врска во глобала. Дали едни на други си обрнувате доволно внимание и дали сте опуштени кога сте заедно? Ако не сте, време е за промени.

3. Препуштете се

Не треба да се терате себеси на секс. Ова треба да биде еден начин на изразување взаемност, поддршка, љубов и грижа. Само тогаш може да биде целосно спонтан и фантастичен.

4. Бидете добар партнер

Нелогично е по цел ден да се однесувате лошо со партнерот, па кога ќе легнете во кревет да имате прекрасен секс. Бесчуствителноста, невниманието, и недоразбирањето придонесуваат вашата интимност да изгледа неприродно.

5. Нека ви биде сексот приоритет

Доколку се останато со вашиот партнер тече онака како што треба, проблемите со сексот можат да потекнуваат од други извори. Понекогаш двата партнери се растргнати на сите страни и сексот паѓа на дното на листата на приоритети. Во овој случај ќе морате да се обидете да го вратите сексот на врвот на листата.


Оставете коментар

___