• Сподели на:

Некои правила вреди да се почитуваат: 3 чекори до совршен оргазам!

___

Секој оргазам е добар оргазам? Не е точно. Но, затоа секој оргазам не би бил апсолутно совршено фантастичен?

Оргазмот може да се почувствува во целото тело, а не само во пределот на гениталиите. Звучи премногу добро за да биде вистина, но истражувањето објавено во магазинот “Archives of Sexual Behavior” тврди дека тоа е возможно со помош на овие трикови:

  1. Секси мисли

Пред да тргнете во секси мисија, почнете да ја замислувате. Затворете ги очите и помислете на она интензивно чувство кога се ближи оргазмот, како токму во овој момент да се шири во вашето тело. Истражувањето покажало дека кога ние ќе го замислиме тоа чувство, нашиот мозок всушност произведува физички одговор на тоа. Уште само тој да ве “грабне” ќе полудите од задоволство.

  1. Нека ве допира насекаде, освен…

Во првите неколку (до десетина ) минути предигра, нека неговите раце и јазик бидат подалеку од главните ерогени зони, како што се градите и клиторисот. Нека ги истражува останатите делови од вашето тело со нежни допири и бакнежи. Тоа ќе ги разбуди нервните завршетоци во останатите предели, па кога на крајот ќе постигнете оргазам, тој ќе се прошири низ целото тело!

  1. Нека работат мускулите

Мислиме на оние вагиналните, се разбира. Во моментот кога сте толку возбудени и ви е потребна минимум на стимулација што ќе ве фрли преку работ на задоволството, почнете да ги стискате своите вагинални мускули, како кога ги правите Кегеловите вежби. Значи, во предоргазмична состојба, стиснете ги неколку пати по неколку секунди, а чувството како пецкање ќе почне да струи во долниот дел од вашиот стомак. Кога повеќе нема да бидете во можност да издржите, опуштете се и препуштете се.

 


Оставете коментар

___