• Сподели на:

Не правете проблем каде што не е место : 3 работи кои мажите не ги поднесуваат за време на сексот

___

Сексот под покривач не е единствената работа која може да ги изнервира мажите во страстниот момент.

Кога е прашање на сексот мажите се многу едноставни и знаат што сакаат и што ги доведува до задоволство. Но исто така има и и бројни ситници кои би сакале жените да ги знаат, но многу често не ги признаваат.

Секс под покривач

Многу често жените поради комплекс во врска со својот изглед избегнуваат отворени сцени во сексот во кои нивното тело во потполност е изложено, па многу често користат прекривач како заштита. Не правете проблеми каде што не им е место бидејќи мажот сака да го види женското тело без разлика на неговите мани. Никој не е совршен, а нив им е тешко да одолеат на женската силуета.

Лажен оргазам

Нема ништо повозбудливо кога партнерите произведуваа сензуални звуци за време на сексот, но кога тие ќе преминат во жестоки воздишки, резултатот е контрапродуктиваен. Не претерувајте со вештачките емоции бидејќи лесно е да се препознаат а мажите никако не ги сакаат и помалку им се навредливи. Бидете природни.

Пасивност

Иако припадниците на појакиот пол сакаат да владеат со ситуацијата и да доминираат, тие обожаваат кога жената ќе им покаже точно како би сакал да биде допрена. Не чекајте да погоди точно што ви одговара бидејќи можеби ќе се изначекате. Преземете иницијатива со време и покажете му што можете. Ќе ви биде благодарен.


Оставете коментар

___