• Сподели на:

НАУКАТА ДОКАЖА: Оргазмите кај жените не се исти!

___

Конечно е потврдено дека жените се во состојба да доживеат два потполно различни оргазми.

Повеќе од еден век различни доктори пишуваат во нивните студии дека жените се способни да доживеат два вида на оргазми – клиторичен и вагинален. Причините зошто тие се разликуваат предизвикаа безбројни долгогодишни дебати.

Француските гинеколози Odil Buison и Emanuel A. Žanini користеле сонографски апарати како би ги измериле промените на протокот на крв во текот на надворешните и внатрешните стимулации.

Истражувачите откриле дека надворешната, клиторична стимулација не го вклучува внатрешниот корен на клиторисот, а вагиналната стимулација ги вклучува и двете. Врз основа на ова истражување теоријата за оргазмите може да биде и вистинита.

За време на истражувањето, три жени биле вклучени на сонографските уреди кои ги визуализирале движењата во уретро-вагиналниот комплексен систем на нервите во текот на двете стимулации. Мерен е и протокот на крв, користејќи импулси, сигнали попознат како доплер.

Снимките покажале дека постојат разлики помеѓу надворешната стимулација и вагиналната пенетрација, бидејќи само втората го вклучува целиот комплексен систем. Тоа ја покажува функционалната разлика која зависи од типот на стимулација, објаснуваат истражувачите.

 


Оставете коментар

___