Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

На кои важни работи забораваме кога е сексот во прашање?

И покрај години искуство, достапност на порнографија, информации, истражувања и совети кои можат да се најдат на интернет за сексот, изгледа дека кај некои мажи, кога е сексот во прашање, повторно некои основни и важни работи се изоставаат.

Баш заради тоа ви претставуваме листа на работи кои секој маж би требало да ги знае за сексот.

Никогаш не го потценувајте бакнувањето

Праксата прави чуда, а страсни бакнежи навистина можат да ги “зачинат” работите во спалната соба. Потрудете се, трудот ќе се исплати.

Внимавајте на хигиената

Ако мирисате добро веднаш ќе и бидете попривлечен. За жените нема ништо посексипилно од чист, уреден и добро намирисан маж, но тоа не значи дека треба да си капите со парфемот.

Сеуште немате навика да ги слекувате чорапите

Можеби немате негувани нокти и стапала, но има нешто многу полошо од тоа – чорапи!

Забавувајте се

Сексот секогаш треба да биде забавен. Сексот не е нешто што треба да се прави како работа. Немојте да бидете толку сериозни.

Немојте да се ограничувате на спалната соба

Само затоа што креветот е удобен не значи дека тоа е најдоброто место за секс и дека не треба да го менувате. Пробајте ја кујната, дневната соба, туш кабината, ви гарантираме дека добро ќе се забавувате.

Никогаш немојте да се фокусирате исклучиво на “главното случување”

Со оглед на тоа што поголемиот број на жени не можат да доживеат оргазам со пенетрација, на многу предиграта им е “главното случување”

Немојте да бидете себични

Не се работи само за вас. Во сексот треба да уживаат и мажот и жената и двајцата ви требало да стигнат до врвот.

Немојте ни да помислите дека знаете како да задоволите жена

Без разлика на тоа колку сте самоуверени, без разлика на тоа колку знаете и колку искуство имате – не се сите жени исти. Она што едната сака, другата може да мрази.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement