• Сподели на:

Мажите го обожаваат утринскиот секс. Знаете ли зошто?

___

Не постои лошо време за секс, но експертите кажуваат дека е особено забавен наутро. Зожто? За почеток, тестостеронот се насобира преку ноќта и го зголемува сексуалниот нагон наутро. Освен тоа, мажите имаат повисоко ниво на хормони кои им даваат чувство на емотивна поврзаност. Пресметај го тоа заедно со дигнатиот “алат” и сега е појасно зошто се чувствуваш повеќе поврзано со својата подобра половина. Сепак, ексцентричните девојки кои се будат наутро не се секогаш спремни за игра.

На жените им е потешко да постигнат оргазам наутро бидејќи мора да бидат напалени и физички и психички опуштени. А тоа е тешко бидејќи после 8 часовно спиење како “заклана” се чувствува неубаво бидејќи се нема истуширано и измиено заби. Ова се равоти заради кои не се чувствува добро и не е опуштена. Ако не успеа да ја наговориш на еден “брзински” пред утринското кафе, започни го процесот побавно. Прегрни ја и искористи го тоа време за галење, пред да започнеш било каков сексуален потег.

После некое време започни со допирање на градите и некое интимно подрачје. Со овој процес во неа ќе се испушти хормонот окситоцин, кој ќе и помогне подобро да се чувствува. Ако почувствува дека премногу брзаш, си ја упропасти шансата. Затоа, започни бавно. Секако подари и неколку комплименти затоа што наутро (без шминка и извршена нужда) не се чувствува како Мис на Универзумот. Ако здивот ви е лош наутро, избегнувајте пози во кои сте свртени еден кон друг.

Во секој случај, утринскиот секс нека започне со нежно галење, а да заврши со одличен оргазам за двајцата.


Оставете коментар

___