Кога станува збор за однесувањето во кревет, тешко е одредени постапки да се окарактеризираат како грешка, бидејќи често се случува баш она што некого иритира, на друг да му годи. Сепак, погледнете ги во продолжение машките постапки кои најмногу им сметаат на жените и тоа најчесто на самиот почеток на врската.
1. Жените не сакаат партнерот да го доживуваат како татко
Жените кои во кревет за време на сексот паѓаат на финтата „татенце“ се бизарно многу застапени во филмовите. Вистината е дека тоа не ги привлекува повеќето жени. Ако сте на почетокот на врската и не ја познавате доволно својата партнерка, подобро избегнувајте го овој збор кога им се препуштате на страстите.
2. Нема ништо водушевувачко кога мажот ќе потоне во сон веднаш по сексот
Едно истражување утврдило дека мажите по сексот најверојатно заспиваат за да ја избегнат комуникацијата. Која и да е причината, заспивањето по сексот е себичен чин.
3. Ако не е се работи за секси сон во кој таа ја има главната улога, тогаш не ја ни интересира
На почетокот на врската и првите сексуални акции ниедна жена не сака да слуша прераскажување на сон во кој нејзиниот партнер бил во друштво на некоја непозната убавица или на пример Бијонсе. Ако не станува збор за секси сон во кој таа ја има главната улога, тогаш мажи, задржете ги информациите за себе.
4. Можеби таа сака да користи секс играчки, но не со некој што едвај го познава
Секс играчките не би требало во кревет да ги воведете нагло, без комуникација и добро познавање на работите што ги преферира новата партнерка. Кога во прашање е сексот, клучен фактор е довербата. Читајте меѓу редови, запознајте се, следете го говорот на нејзиното тело… Учете еден за друг кога се работи за сексот, а пред да воведете во кревет некои новитети. Истото важи и за жените.



You must be logged in to post a comment Login