• Сподели на:

Кои жени имаат најдобар секс?

___

Парите не можат да купат љубов, но можат да ви донесат добар секс; и тоа не на начинот кој вам ви паѓа на памет. Имено, најновото истражување направено од страна на група на шпански истражувачи покажало дека жените припаднички на средната класа имаат подобар сексуален живот од нивните понепривилегирани сограѓанки. Со други зборови, жените кои се материјално обезбедени можат да се пофалат со поголемо уживање во сексот.

Се верува дека ова е така поради финансиската независност која овие жени ја поседуваат, за разлика од жените кои живеат во посиромашни домаќинства. Истражувањето покажало дека финансиската независност им дозволува на жените да ја истражуваат својата сексуалност и подобро да се запознаат со можните контрацептивни средства. Исто како и кај мажите, финансиската независност и социјалниот статус им дозволува на жените да имаат поголема контрола над своите животи воопшто, вклучувајќи го тука и сексуалниот живот.

Д-р Долорес Руис (Dolores Ruiz) од Агенцијата за јавно здравје во Барселона (Barcelona Public Health Agency) смета дека овие жени се посвесни за своите потреби и за тоа што ги задоволува сексуално.

Жените со подобра финансиска состојба исто такам имаат помали шанси да бидат во насилни врски и поретко се жртви на сексуални напади и силувања. Д-р Долорес Руис додава дека луѓето кои живеат во лоши социјално-економски услови се генерално помалку задоволни од своите љубовни врски, а воедно нагласува дека сексуалното здравје не подразбира само заштита од болести, туку и задоволство во врската и сексот.

Оваа студијата покажала дека жените кои се во стабилна врска се сексуално позадоволни од оние жени кои имаат повеќе „несериозни“ партнери.

Истражувањето било направено врз 10000 испитаници и е објавено во научното списание Annals of Epidemiology.


Оставете коментар

___