Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Каков секс сакате според крвната група!

Пронајдете ја крвната група на вашиот партнер/партнерка и проверете каков љубовен живот ве очекува.

Група А

Луѓето со оваа крвна група се искрени, чувствителни, трпеливи и резервирани. Одлични партнери на кои можете да се доверите. Не се претерано забавни во креветот, но тоа го надокнадуваат со одличните вештини за социјализација, па се извонредно друштво за вечера. Добри се по природа кога на некој му е потребна емоционална потпора, одлични родители се и добро се снаоѓаат во стресни ситуации.

Група Б

Диви, страствени, креативни и моќни – оваа група е идеална за сите кои сексот го гледаат како авантура. Лошите момци и заводливите девојки без сомневање ја носат крвната група Б. Во врска се себични и по малку неодговорни, но понекогаш тоа е тоа што ќе ве привлече кај нив. Копнеат по партнер кој ќе знае да им ја возврати страста во креветот.

Група АБ

Студени се, смирени и рационални личности со изразена друштвена нота. Лесно се прилагодуваат, па токму затоа се одлични партнери кои ќе се согласат на речиси сè, дури и во креветот. Но, на една работа мора да бидете подготвени – луѓето со оваа крвна група никогаш нема да ја возвратат љубовта која ја добиваат, барем не со иста мерка. Уште една голема маана им е критичноста.

Група 0

Друштвени и оптимисти, носителите на оваа крвна група многу лесно се согласуваат со новите предлози. Топли личности се, сакаат да се галат, а со тоа создаваат романтична атмосфера. Исто толку романтични се и во креветот, каде не сакаат да експериментираат. Покрај тоа, знаат да бидат претерано љубоморни и арогантни, така што не се чудете ако во средината на сексуалните авантури се предомислат.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...