Дури и ангелите на Викторија Сикрет понекогаш паѓаат во сексуална апстиненција. Па така, Миранда Кер неодамна за магазинот ‘’GQ’’ изјави дека недостатокот на секс влијае на нејзиното тело.
‘’Приметив дека откако немам редовни сексуални односи, мускулите на моето тело веќе не се толку дефинирани. Кога често практикувам секс, рацете и стомакот ми се затегнати’’ , изјави бившата сопруга на Орландо Блум.
‘’Сексуалната апстиненција може да делува и на вашето либидо, но не и на тонусот на мускулите’’, откриваат сексолозите.
Од друга страна, редовната сексуална активност може да ја зголеми циркулацијата, што ја зголемува и еластичноста и влажноста на вашата кожа. Исто така, докажано е дека сексот може да ја зголеми и вашата желба за вежбање, па поради недостаток на секс можете да се чувствувате како да немате иста количина на елан.
Како и да е, секако нема да ја изгубите дефиницијата на мускулите поради недостаток на секс.

You must be logged in to post a comment Login