Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како мирисот влијае на сексуалниот живот?

Дека мажите се визуелни а жените аудитивни типови знаат сите кои читаат совети како да станат подобри, поуспешни и позадоволни во спалната соба. Така, со допир полесно се возбудуваме, но дали сте знаеле дека и мирисот игра важна улога за добар секс?

Шведски стручњаци со истражување покажале дека мажите кои се родени без чуство за мирис имаат помалку сексуални партнерки. Кога се во прашање дамите, осетот за мирис не влијаело на бројот на нивните врски, но жени кои патат од аносмија ( недостаток на чуството за мирис ) во поголем дел се понесигурни во својата врска.

Истражувачите од универзитетот во Гетеборг не се сигурно зашто проблемите со мирисот се поврзани со проблемите во врската, но се претпоставува дека личностите кои го немаат ова чуство се понесигурни бидејќи пропуштиле многу емотивни сигнали во текот на својот живот.

“Многу друштвени сигнали се пренесуваат преку олфакторниот канал, а овие личности најверојатно тоа го пропуштаат”, објаснува психологот Илона Крој, која ја предводела оваа студија.

Резултат на тоа е, мажите губат верба во себе и не се толку спремни да ги освојуваат женските срца. Кога се во прашање жените, друштвената напнатост може да се преслика во несигурна врска.

Студијата покажала дека луѓето несвесно пренесуваат емоции по пат на мирис. Така еден холандски труд покажал дека стравот е заразен, додека некои тврдат дека луѓето можат да препознаат мирис од нервозно потење и мирис од потење при вежбање, што може да влијае и на изборот на партнер.

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement