Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Како до совршено фелацијо?

Најпрво да објасниме што е фелацијо. Тоа е сексуално задоволување со бакнежи, односно со лижење на половите органиКој рекол дека фелацијото секогаш треба да биде брзо, диво и порнографски?! Девојки, за „гордоста“ на вашиот партнер овој пат земете го целото време на светот.

Диво фелацијо не е гаранција за квалитетен орален секс!

Ова е вистина! Брзото и диво фелацијо не значи и квалитетен орален секс, затоа што како и девојките, така и машките понекогаш сакаат работите да се одвиваат бавно, со задоволство и преданост. Оставете ги настрана порно ѕвездите и немојте да се базирате на нивните екстремни сцени, туку доближете му се на вашиот партнер како елегантна, секси мачка која добро знае што сака и што прави. За да го задоволите орално, како права мајсторка, изведете бавно и многу квалитетно фелацијо, за кое ќе сонува уште долго време потоа.

Започнете со нежни бакнежи

Кога вашиот партнер безгрижно лежи покриен во постелата, влезете под покривката и изненадете го со бакнежи кои ќе го истражуваат неговото тело. Најпрво започнете со нежни бакнежи од неговиот врат, па спуштете се надоле се до неговата „гордост“. Најпрво подарете му бакнежи на местата околу пенисот, на долниот дел од стомакот и бедрата, а кога вашиот партнер ќе се возбуди, тогаш почнете со делење бакнежи и по цела должина на неговиот пенис. Помеѓу бакнежите можете потполно нежно да го вклучите и јазикот.

Во игра нека влезат и јазикот и рацете

Кога бакнежите ќе го направат своето, продолжете го фелацијото со лижење. Мажите ја кријат ерогената зона на пенисот, на долниот дел од главата, која изгледа ка ко мал чвор, затоа вашето надразнување на таа точка до јазикот ќе биде наградено со негови длабоки воздивнувања од задоволство. Додека го правите тоа, нежно и полека масирајте го пенисот со рацете. Кружете со јазикот околу главата на пенисот, но сеуште не ставајте го во уста. Тоа ќе покрене неподнослива и дива сексуална желба поради која со нетрпение ќе го чека продолжението на оваа игра.

Пред да го земете во уста…

Пред да се одлучите за прифаќање на неговиот пенис во вашата уста, прво поиграјте си со него. Нежно со усните допрете ја главата, за да може да го почувствува вашиот топол здив.  Прилично веројатно е дека во таа фаза, вашиот партнер нестрпливо ќе ја чека конечната награда, но не се предавајте пребрзо!

Научете ја тешката техника на длабоко грло

Техниката на длабоко грло најлесно може да се изведе во ситуација кога девојката е главна и кога се тече по нејзин план, а партнерот не ја присилува за време на оралниот секс. При бавното и нежно фелацијо, лесно е да се изведе техника на длабоко грло. Додека со јазик се посветувате на вашиот партнер, соберете доволно храброст и страст и потполно полека во неколку секунди

изведете ја техниката на длабоко грло. Потоа повторно продолжете со нежно фелацијо, јазик и бакнежи.

Advertisement
Advertisement

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...