Ако вашата реакција на насловот е „Повеќекратни оргазми?! Па јас само сакам да стигнам до еден“, верувајте дека има и други кои мислат како вас. Но навистина е тешко да се замисли дека некој доживеал многукратно задоволство.
Додека некоја ваша пријателка ви раскажува за нејзините неповторливи повеќекратни искуства, вие си мислите: „Веројатно сум спиела со погрешни луѓе. Нема шанси мене ова да ми се случи… “ или „ Абе ајде, оваа е луда…“
Но вистината е дека секоја жена има потенцијал да доживее повеќе оргазми со или без партнер. И тоа е една од добрите причини да се биде жена. Иако женскиот оргазам е потешко да се достигне од машкиот, штом еднаш сте го нашле својот оргазмичен ритам, нема враќање назад!
Грешки во чекори
Постојат неколку грешки кои жените ги прават во однос на сопственото задоволство. Некои од нив велат: „Еден ден мојот принц ќе дојде и тој ќе го оствари мојот сон“. Но грешката е во тоа што не смеете да чекате некој да дојде и да ги реши вашите сексуални проблеми. Земете ја својата судбина в раце , пуштете го Марвин Геј да пее, вибраторот в раце и …
Испробајте различни техники
Откријте неколку техники кои ќе ви помогнат. Дали повеќе сакате индиректна стимулација или директна, вагинална? Почнете да го вртите својот вибратор горе –долу и во круг, оставајте го подолго на некои одредени точки покрај вашиот клиторис. Потоа концентрирајте се на последното движење и… Оставете го да трае.
Откако ќе го доживеете својот прв оргазам, земете малку воздух. Вашиот клиторис ќе биде престимулиран од интензивните вибрации. Но доволно е да почекате 30 сек за да ја започнете новата тура. Е токму сега ќе ви оди во корист стимулираниот клиторис, така што заедно со вибраторот нема да ви треба многу време за да го доживеете и вториот,… третиот… четвртиот .. петтиот?! Но во еден момент ќе треба малку да отстапите од вибраторот и да се вратите во секојдневието.
Правете ги Кегеловите вежби
Стегањето на вагиналните мускули, познати и како мускули кои се употребуваат при мокрење, би можеле да ви донесат повеќе и тоа моќни оргазми. Кога се доживува оргазмот, се чувствува силна контракција на карличните мускули. Со ова се зголемува протокот на крв, коешто помага да се почувствуваат повеќе контракции. Се што треба да правите е неколку пати на ден да ги стегате и опуштате карличните мускули а потоа да се концентрирате, кога моментот ќе дојде.
Променете го начинот на размислување
Ако не очекувате да имате повеќе оргазми, веројатно и нема да ги доживеете. Затоа е време да си поставите повисоки стандарди за вашиот сексуален живот. Оргазмот е едно од најубавите нешта кои му се случуваат на човекот, а вие заслужувате да го почувствувате тоа неколку пати.
Значи, треба да си направите приоритети околу вашето задоволство и да ги промените мислите поврзани со сексот. Престанете секогаш да имате секс на ист начин. Качете се горе и имајте контрола врз движењата. Допирајте го својот клиторис онака како што ви е убаво вам. Пробајте бавен секс. Внесете вибратор во спалната соба, кој ќе ви го донесе дополнителниот сексапил кој ви е потребен. Направете распоред со повеќе денови за секс во неделата. И да повториме: ако сакате да имате повеќе оргазми, престанете да ја правите истата работа сто пати. Различноста ќе ви донесе различни и успешни резултати.

You must be logged in to post a comment Login