Доколку сексот со кондом не ви претставува задоволство, еве неколку трикови што ќе ви помогнат да не го користите, а да не забремените.
Ако ги прашате мажите и жените дали повеќе сакаат секс без кондом или преферираат да користат заштита, и едните и другите би одговориле под а. А и разликата е очигледна, бидејќи чувството е поинтензивно и подобро кога ја нема гумичката. Сепак, ризикот за полово преносливи болести и евентуална бременост во овој случај.
Токму поради тоа ви нудиме неколку начини на кои можете природно да се заштите, а приота да не се грижите за несаканите последици.
ВАДЕЊЕ НА ПОЛОВИОТ ОРГАН ПРЕД ЕЈАКУЛАЦИЈА
Меѓу најстарите природни методи за контрацепција спаѓа вадењето на пенисот од вагината непосредно пред ејакулацијата. На овој метод не може 100% да му се верува бидејќи излевањето на сперматозоидите може да се случи пред оргазмот, но и поради тоа што многу мажи не можат да ја контролираат ејакулацијата. Овој метод се препорачува само во случај кога му верувате на партнерот.
ПЕРИОДОТ НА ОВУЛАЦИЈА
Жените знаат дека за време на менструалниот цисклус постојат плодни и неплодни денови. Плодните денови се нарекуваат период на овулација. Овој период настапува 14 дена пред менструалниот циклус. Но сепак, телото не е робот и само една хормонална нерамнотежа предизвикана од нервоза и стрес може да го помести овулацискиот циклус. Овој метод во однос на безбедноста е ист како и вадењето на пенисот од вагината пред оргазмот. Поради тоа бидете внимателни и немојте безрезервно да се потпрете на него.
МЕРЕЊЕ НА ТЕЛЕСНА ТЕМПЕРАТУРА
Овој метод се користи за одредување на периодот на овулација со секојдневно мерење на телесната температура. Базалната темепратура жената треба да ја мери наутро, откако ќе се разбуди. Може да се мери во устата, вагината или аналниот отвор. Во првата половина на циклусот телесната температура е под 37 степени. Приближно 2 дена по овулацијата температурата се зголемува за 0,2 до 0,4 степени и се задржува до другата половина на циклусот. Под 37 степени се спушта пред менструацијата.
Зголемувањето на базалната температура е последица на хормонот прогестерон. Прогестеронот предизвикува зголемување на телесната температура за две до три десетини целзиусови степени. Значи, доколку ви се зголеми температурата, тогаш сте во плодни денови. Со запишување на базалната телесна температура жената може да одреди кои се нејзините плодни и неплодни денови. Но, и овој метод не гарантира 100% сигурност. На промената на базалната температура влијаат несоницата, настинката и други фактори. Затоа внимавајте!





You must be logged in to post a comment Login