• Сподели на:

Како да го научиш партнерот да биде ‘гласен’ за време на секс

___

Некои луѓе се гласни во кревет, а некои тивки. Премногу гласен или премногу тивок партнер може да направи другата личност да се чуствува непријатно. Сепак тивкиот партнер е поголем проблем, бидејќи никогаш не можете да бидете сигурни дали тој ужива или не.

За време на секс, звучните сигнали се многу битни, затоа што му кажуваат на вашиот партнер дали тоа што го прави вас ве задоволува.

Старомодните мажи се научени да ги потискаат своите емоции и звук. Причина за тоа може да биде тоа што се одгледани во семејства во кои родителите ги воспитувале децата дека сексот е нешто интимно, тајно и дека тоа е тема на која не треба да се зборува. Доколку мислите на сексот како срамна активност, тешко дека би можеле целосно да уживате во него.

Ако вашиот партнер е тивок во кревет, причина за тоа може да биде и фактот  дека пред вас имал срамежливи партнерки, па се навикнал, за време на односот да биде тивок.

Зборувајте отворено со него, и ако ништо друго, тој би сфатил дека тоа влијае на вас. Каже те му дека не мора да се “дере”, но дека повремено може да ви дава по некој звучен сигнал, за лично вие да знаете што му одговара на него.

Полесно би му било доколку пуштите тивка музика.Можеби се воздржува, бидејќи се плаши само тој да не ја наруши тишината.

Сепак, доколку вашиот сексуален живот е добар во тишина, немојте многу да го притискате. Најважно е двајцата да се чуствувате добро за време на сексуалниот однос и само на тој начин би имале добар секс.


Оставете коментар

___