Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Интимните фризури го откриваат карактерот: Што се крие под гаќичките?

Интимната фризура во облик на триаголник опишува динамична жена, но истовремено и сугурност.

За нашите интимни делови секогаш да бидат уредни, редовен дел од нашата рутина за нега на телото е депилација на бикини зоната. Но, ако интимната фризура е и средство за заведување, многу дами имаат прецизно дефинирана слика за она што се крие под гаќичките. Дознајте што вашата интимна фризура може да открие за вас!

Природна фризура

Станува збор за класична депилација која била многу популарна во осумдесеттите години, а се однесува на отстранување на влакна само околу бикини зоната, односно оние кои не сакаме да се видат на плажа надвор од костимот за капење. Таквата фризура опишува една жена која сака природна убавина и пред се практичност. Вие сте скромна личност која знае што сака и не сака да привлекува премногу внимание.

Триаголник фризура

Овој тип на депилација спаѓа во најчестата интимна фризура која со депилација, освен на препоните и бикини зоната, опфаќа поголем дел од влакната на интимниот дел и остава природен триаголник. Овој тип на депилација опишува динамична жена која сака промени, но истовремено и сигурност. Се работи за морална личност која сака понекогаш да си поигрува со сексипилот.

Чироки фризура

Како што и самото име кажува, оваа интимна фризура е линија чија дебелина зависи од желбата на дамите, а најпопуларна била во деведесеттите. По депилацијата, влакната не остануваат во природна големина, туку се кратат. Овој начин на деполација открива отворена и комуникативна личност која не се плаши од промени и нови животни пречки, сака авантури, но се во рамките на границите.

Бразилка

Бразилската депилација подразбира отстранување на сите интимни влакната од телото. Овој вид на депилација покрај гордите сопственици кои за убавина трпат голема болка, ја сакаат и припадниците на посилниот пол. Бразилката опишува слободни и сигурни жени кои се свесни за својата сексипилност и сакаат да ја потенцираат. Тие знаат што сакаат и на кој начин да ја остварат својата цел.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...