• Сподели на:

Ги применувате ли? Ова се три важни услови за добар секс!

___

Свеќи, музика, мириси… убаво, но недоволно. Клучните услови за уживање со партнерот се далеку попрозаични отколку што обично се мисли.

Др. Лаура Берман е светски познат експерт во областа на сексуалното образование и водител на популарната телевизиска емисија на Опра Винфри. Има издадено повеќе книги, меѓу кои се и “Како да разговарате со децата за сексот”, “Не е до него, туку до вас”, “Секс полн со љубов”, итн. Во продолжение следуваат нејзините “три важни услови за добар секс”.

seks-par-1384198523-19526

Прв услов – силно и здраво тело

Тука станува збор за мускулите и нивната сила. Лаура ја истакнува важноста на карличните мускули кои придонесуваат за општото здравје на репродуктивните органи. Во сексот, овие мускули можат да направат чуда во поглед на телесните реакции при стимулација на партнерот. Затоа правило “број 1” е одржување на нивната сила и тоа со помош на Кегеловите вежби. Неколку стотини дневно – тоа е мерката која ја препорачува др Берман.

devojka-ves-1382881439-18118

Втор услов – креативен дух

Што е тоа во книгата “Пеесет нијанси сиво” што привлече толкаво внимание кај читателите? Не е поентата во тоа што го покренува либидото, туку што е тоа што ги инспирира жените да го пронајдат и зајакнат сопствениот “мускул за фантазија”. Една од клучните еротски точки се темели на целосното предавање, фантазија која лесно може да им се допадне на “алфа” жените. Дозволете му на вашиот партнер да ја превземе целосно контролата, закажете таков состанок со него, а ако тоа воопшто не е по ваш вкус, смислете заедничка стратегија за зајакнување на фантазијата. Креативноста е важна од едноставна причина – најсилен сексуален орган е мозокот!

poljubac-1384348758-19674

Трет услов – отворено срце

Колку и да посакуваме длабоки и силни сексуални доживувања со партнерот, се случува секојдневието или нешто што тој ќе каже или направи, во моментот да ни го затвори срцето. И таа реакција може да се отстрани со вежба. Замислете таква ситуација, а потоа замислете како срцето ви се отвора како цвет. Замислете како градниот кош ви се шири и полни со светлина. Така ќе се поттикнат каналите на љубов, радост и пред се, сексуална енергија.


Оставете коментар

___