• Сподели на:

Еве зошто жените со облини се одлични во кревет

___

Ако сакате дами со облини, тогаш ова ќе ве интересира – прочитајте ги следните десет причини зошто тие се одлични во кревет.

Самодоверба

Големите градии заносната задница со кои мажите можат да се занимаваат не се единствените причини зошто овие дами се секси, тукуи поради тоа што се свесни за своето женствено тело. Убавината и сексипилот можеби немаат многу врска со големината на телото, но и тоа како имаат со самодовербата. Да ве потсетиме – жените кои имаат повеќе самодоверба (читајте жените со облини), се подобри во кревет.

И науката потврди

Научните истражувања покажуваат дека мажите се „програмирани“ на тој начин да ги привлекуваат жени со облини. Кој би можел да и` одолее на таа фигура на песочен часовник?

Здрав (сексуален) апетит

Ништо не е посексипилно од жена која знае да ужива – јаде колач кога и` се јаде, пие чаша вино тогаш кога сака, а кога ќе посака оргазам, подгответе се…

Животот е краток…

…за да го поминете со девојка која е опседната со внесот на калориии која времето после секс, наместо за уживање, ќе го искористи за зборување за новата диета.

Големи гради

Во ред, немаат сите „заоблени“ девојки големи гради, но главно имаат поголеми од оние со менекенски тип на градба. Да додадеме – не е се` во градите, но не е на одмет ако девојката има убави гради.

Задник

Истражувањето покажало дека жените со поголема позадина раѓаат поинтелегентни деца поради поголемата количина на омега 3 масни киселини складирани во задникот. Ако мислите дека задникот на Ким Кардашијан мами воздишки само поради тоа што е стегната во тесен фустан, размислете повторно – на мажите тоа им е потсвесен знак дека жената има подобро репродуктивно здравје.

Фокус на забавни работи

Дамите со облини нема да трошат време обидувајќи да се вовлечат во фармерки три броја помали, туку на многу позабавни работи – нови секс пози, разгорување на страста…

Удобност

Ќе се сложите, бујните гради на „заоблените“ девојки се идеално место на кое може да ја потпрете главата после добра „акција“.

Тие се вистински супермодели

Ако размислите малку подобро, ќе сфатите дека заоблените девојки стотици години наназад биле синоним за сексипил и убавина – се` додека модните писти не ги зазедоа „скелетите кои одат“. Стотици години од историја не може да погрешат!

Познатите дами со облини

Само помислете на Џенифер Лопез, Ким Кардашијан, Кели Брук… Веројатно не треба да додадеме ништо повеќе.

 


Оставете коментар

___