Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

Совети за Секс и Врска

Доживејте тантричен оргазам. Три пози создадени за стимулација на Г-точката

Иако Г-точката не е секогаш лесно да ја пронајдете, постојат сексуални пози во кои таа доаѓа до израз токму тогаш

Тантричниот оргазам е една од најсилните сензации кои може да ги доживее женското тело. Се постигнува со интензивна стимулација на Г- точката, област која се наоѓа во горните делови на вагиналните ѕидови и е исклучително чувствителна на допир. Иако не е секогаш лесно да ја пронајдете, постојат сексуални пози во кои таа доаѓа до израз токму тогаш. Во продолжение ви ги откриваме овие три позиции кои сигурно ќе доведат до нови возбудувања во вашата спална соба.

Допир на цветот

Оваа позиција е одлична за стимулација на Г-точката, а може да ве доведе и до повеќекратни оргазми. Им се препорачува на жените кои се наоѓаат во првите месеци од бременоста, а омилена е и кај луѓето кои имаат проблеми со прекумерна тежина. Слична е на класичната, мисионерска позиција, во која жената ги шири нозете и му дозволува на партнерот да легне врз неа. Но, во овој случај, по пенетрацијата жената ги подига нозете и ги префрла преку неговите рамена или ги потпира на неговите гради. Партнерот може да клекне, потпирајќи се на нејзините колкови. Оваа поза е одлична за силна пенетрација и многу често може да доведе до незаборавен оргазам.

Пристап одзади

Оваа поза е позната како „кучешки стил“ или „doggie“ и претставува одлична стимулација на Г-точката поради аголот на пенетрација на партнерот. Жената треба да се потпре на сите четири екстремитети и малку да ги рашири нозете. За време на чинот се препорачува жената лесно да ја извие половината и да не ја спушта главата на креветот. Иако ви се чини дека се работи за ситници, ваквите детали на партнерот му го расчистуваат патот кон Г-точката. Ова особено важи во случај на целосна пенетрација. Парнерот исто така може да помогне со лесно подигање на вашите колкови и ако при навлегувањето ги насочува движењата надолу.

Жешко сплотување

Се работи за уште една поза од познатата Кама Сутра – партнерот треба да седне на креветот и да ги рашири нозете, а рацете да ги постави зад грбот и да се потпре со нив. Потоа жената треба да седне на неговото меѓуножје, префрлајќи ги своите колена преку неговите рамена, поставувајќи ги своите раце меѓу неговите нозе и потпирајќи се на нив. Во оваа положба, партнерката  треба лесно да се ниша со неговото тело, контролирајќи го ритамот и темпото за време на чинот. Иако за време на ваквото водење љубов нема директен притисок на Г-точката, еротичноста на самата сцена е во состојба да доведе до тантричен оргазам.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...