• Сподели на:

Девет причини зошто треба да имате секс со партнерот секој ден

___

Без разлика дали сте во брак или врска, една од предностите на моногамниот однос е токму сексот – редовните сексуални односи, подобро познавање на потребите на партнерот, а со тоа и поусовршено искуство и задоволство, меѓу другите. Но кога ќе се појави стресот и многу обврски, сексот е меѓу првите работи во врската што страда.

Се случува – Уморни сте, под стрес, нервозни поради партнерот или други луѓе и не сте расположени за ништо сексуално не само денес, туку деновиве. Но има парови што имаат секс речиси секоја вечер, пишува Huffington Post. Медиумот замоли неколку двојки да имаат секс секоја вечер (со исклучок на состојба на болест, неодложливо патување исл) и да го пренесат своето искуство и од тоа извлекоа неколку причини зошто сексот секоја вечер е добро.

Овозможува да го поминете потребното време заедно. Ако обврските го пополнуваат денот, ноќта, пред спиење е одличен период да поминете квалитетно време заедно, и тоа со забавна активност како секс. А секојдневно практикување на ова, ќе ве одржи блискисо партнерот.

Физичка активност, наместо вежбање. Ако немате време за вежбање, сексот е одлична физика активност за губење на калории.

Ви ги трга мислите и грижите од умот на некое време. Без разлика дали е глумење на улоги или игри со секс-додатоци, ова искуство дефинитивно ќе ви ги тргне мислите од секојдневните грижи на некое време.

Поврзување без разговарање. Некогаш немате желба ниту сила за разговарање или пак сте истоштени од зборови. Во вакви денови сексот е одличен начин на комуникација и поврзување со партнерот, без разговор.

Полесно е да се договори и случи од дејт. За да одите на дејт, на пример вечера и кино, треба да претходно да се организирате, да закажете и да потрошите неколку часа на ова. Но во денови кога немате толку време, сексот е тука.

Ја подобрува самодовербата. Фактот дека некој ужива интимно со вас и сака да го направи истото за вас, ја подобрува личната самодоверба не само во креветот туку и надвор од него.

Гарантирано подобрување на расположението. Насмевките што ве пратат во текот на денот, и потпевнувањето на вашиот партнер, јасно е дека се резултат на утринскиот секс. Зошто не би сакале да сте секој ден вака расположени?

Помалку караници. Одбивањето или апстинирањето од секс ги фрустрира луѓето и ги прави склони на расправии. За да не ви биде секојдневието исполнето со караници, имајте секс секој ден.

Еден збор: Оргазам. Овој збор сам по себе го опишува исклучителното искуство што го нуди на секој од партнерите.


Оставете коментар

___