• Сподели на:

Бизарни информации за сексот кои треба да ги знаете

___

Во продолжение следат 12 бизарни работи кои несте ги знаеле за сексот а некои од нив сигурно ќе ве изненадат.

1. Околу еден процент од жените се алергични на спермата. Симптомите се повеќе од очигледни. Неколку минути или неколку часа по контактот со спермата се јавуваат црвени пликови и чешање. Единствено решение е трајна употреба на кондом.

2. Едно истражување докажало дека 1% од луѓето се асексуални. Односно тие тие никогаш не биле сексуално возбудени од некоја личност, ниту пак чувствувале сексуална напнатост.

3. За разлика од нив, 2% од жените се постојано возбудени. Жените кои го имаат ова пореметување, имаат од 10 до сто оргазми на ден и тоа без некоја посебна причина, на било кое место и во било која ситуација.

4. Момчињата во тинејџерските години или во раните дваесетти може да свршат и до 10 пати дневно благодарение на високото ниво на тестостерон.

5. Колку почесто мажот ејакулира, толку неговото тело помалку произведува ејакулација.

6. Тестисите се секогаш неколку степени поладни од остатокот на телото за да се одржи оптимална температура за подобро здравје. Ако е исклучително ладно или ако мажот влезе во многу ладна вода, тие се приближуваат кон телото за да се згрејат, а ако е топло тогаш се опуштаат, за да се разладат.

7. Едно италијанско истражување докажало дека кога жените секојдневно конзумираат чоколадо, имаат поголема желба за секс и многу повеќе оргазми.

8. Во 8 часа сон мажот има од 5 до 6 ерекции. Тоа е природна вежба на пенисот со која тој се одржува во добра форма.

9. Кога жената е сексуално возбудена и се зголемува клиторисот, и отекуваат вагиналните усни и и се зголемуваат градите.

10. Мажите кои се во врска почесто мастурбираат бидејќи со редовните сексуални односи се зголемува нивото на тестостерон и мажот се возбудува и кога е сам.

11. 1% од жените може да доживеат оргазам со стимулација на градите.

12. Корнфлексот и крекерите се само дел од намирниците од кои се намалува сексуалниот нагон. Во почетокот на 19 век се веруваше дека пикантната храна влијае на зголемување на сексуалниот нагон, па произведувачите смислиле намирници со кои се намалува сексуалната желба.


Оставете коментар

___