Сексот е многу важен аспект во секоја врска, а доколку мислите дека има место за напредок, ова се некои потези кои дефинитивно треба да ги вметнете меѓу постелата. Со неколку чекори, бидете му најдобрата која некогаш ја имал.
- Добриот секс почнува надвор од спалната соба – Уште пред влез во спалната соба, почнете со загревање на ситуацијата. Сметајте го тоа предигра на предиграта. Пратете му “скокотливи” пораки, дочекајте го со романтична вечера или измасирајте го.
- Бидете спремни за експериментирање – Сите стравови оставете ги надвор од спалната соба. Можеби нема да користите лисици и слично, но тоа не значи дека не би требало да бидете спремни на нови работи. Допуштете да ви ги заврзи очите, каде ќе бидете изложени на останатите сетила. Заврзете го партнерот и со коцка лед и поигрувајте се со неговите ерогени зони. Употребете ја фантазијата.
- Бидете подмачкани – Кога станува збор за сексот, многу е важно да сте подмачкани. Лубрикантите кои ветуваат одложување на оргазмот или оние кои греат се одлична работа. Ако си играте со неговиот пенис со раката подмачкана со лубрикант, тоа се претвара во потполно ново искуство.
- Одржувајте контакт со очите – Кога гледате некого во очите, се појавува интензивно чувство, посебно ако лицата ви се одалечени само неколку центиметри. Но немојте да го гледате партнерот во очи непрестајно, бидејки тоа може да делува и малку морничаво. Неколку секунди од време на време се сосема доволно.
- Превземете контрола – Мажите сакаат кога понекогаш жените превземаат контрола. Иницирајте секс и не допуштајте на партнерот во било кој момент да ја превземе контролата – бидете од горе и одлучувајте како ќе се одвиваат работите. Заврзете го со мека сатенска ткаенина наместо лисица, бидејки е многу поудобна или смислете некој друг начин да го држите под контрола. Врзувањето не е само секси, туку е и интимен чин за кој е потребно да партнерите имаат меѓусебна доверба. Ако тој не сака вие да доминирате, само иницирајте секс, па оставете го да доминира.

You must be logged in to post a comment Login