Темата за женската мастурбација е вечно табу. Сепак, повеќето студии покажуваат дека жените мастурбираат во просек барем еднаш во неделата, без оглед на раса, возраст и сексуална ориентација. Во едно истражување учествувале 20 жени кои откриле седум интересни факти за мастурбацијата.
Многу жени сакаат сами да се погрижат за своето задоволство.
- Сите жени мастурбираат
Сите 20 жени кои учествувале во истражувањето изјавиле дека мастурбираат најмалку еднаш во неделата, а некои изјавиле дека тоа го прават барем еднаш во денот.
- Жените користат “играчки”
Дури 18 од 20 жени изјавиле дека користеле секси играчки, сами или со партнерот.
- Секоја жена има различен пристап
Поголемиот дел од учесничките изјавиле дека жените се задоволуваат со секс играчки или со прсти, но откриле и дека повекето жени се фокусираат на клиторична стимулација.
Значи, не постои “нормален” начин за тоа, важно е само да го правите она што ви одговара.
- Понекогаш е тешко да дојдете до оргазам
Иако жените генерално не признаваат дека мастурбираат, многу велат дека не им е секогаш лесно да достигнат оргазам и дека тоа може да биде многу фрустрирачки, особено ако не можат тоа да го постигнат со партнерот.
- Некои жени и понатаму мислат дека тоа го прават само мажите
Неколку жени кои учествувале во оваа студија изјавиле дека мажите се склони кон мастурбација-или дека сметаат дека тие тоа го прават почесто. Некои изјавиле дека почесто тоа го правеле пред своите партнери, отколку сами пред себе.
- Тоа не мора да биде ништо помпезно
Многу жени велат дека мастурбацијата е целосно тивка работа која ги лишува од стрес и овозможува да се релаксираат. Дури и една од испитаниците изјавила дека мастурбацијата може да се спореди со четкање заби, таа е толку нормално и вообичаено во животот.
- Мастурбацијата го подобрува расположението
Жените обично мастурбираат да го истражат своето тело и да му се доближат. Исто така, мастурбацијата носи чувство на радост и задоволство, а може и да биде многу забавен начин за намалување на стресот.

You must be logged in to post a comment Login