И мажите и жените често грешат во сексуалните врски, а на многумина добро би им дошла лекција за тоа што не треба да прават во кревет. Составивме листа од најголемите грешки кои ги прават жените, со совети што е потребно за здрав, возбудлив и исполнет сексуален живот.
Некои жени сеуште мислат дека главниот збор во сексот мора да водат мажите. Превземете иницијатива, вашиот партнер ќе биде воодушевен од оваа промена.
Грешка 1: Вие очекувате од него да се размислува како жена
Ова е причина на многу фрустрации кај двајцата партнери. Мажите ги збунуваат жените, а жените не ги разбираат мажите. Очекувањето дека тој ќе размислува на истиот начин е бескорисно и губење на време, но и голема причина за недоразбирање и тензија.
Совет: Машкиот и женскиот мозок различно функционира. Затоа комуникацијата меѓу партнерите е многу важна. Ако мислите дека мажите исто го разбираат сексот и имаат исти сексуални чувства и желби како жените, тоа може дополнително да го влоши сексуалното искуство.
Грешка 2: Не очекувајте од партнерот да ви ги чита мислите
Ни партнерот, а и никој друг на светот не може да ви ги чита мислите. Ниту вие можете неговите. Научете со зборови да ги изразувате своите сексуални потреби и желби. На многу жени ова им е тешко и не се чувствуваат пријатно. Тоа е, сепак, единствен начин да го добиете она што го сакате.
Совет: Надминете го срамот. Иако ова често е последица на конзервативно воспитување во нашата средина, сексуалната револуција е завршена и смеете за се отворено да зборувате со партнерот. Сексот не е само фукција на процесот на репродукција.
Грешка 3: Недостаток на иницијатива
На многу мажи им е многу привлечно и секси кога жената ќе превземе иницијатива во креветот, но и надвор од него. Побарајте го на работа и кажете му дека сте испланирале романтична вечера. Со возбуда ќе се врати дома. Изненадете го така што ќе го дочекате во секси долна облека.
Совет: Имате многу можности, прилагодете ги на својот темперамент. Не морате секогаш да бидете вулгарни, ако тоа не е дел од вашата личност. Понекогаш е доволен заводнички поглед.
Грешка 4: Недостиг на спонтаност
Сексот немора секогаш да биде најавен настан. Мажите сакаат кога жените се спонтани. Никогаш не се знае што ги чека на крајот, а изненадувања сите сакаат.
Совет: Кога ќе го паркира автомобилот, грабнете го и почнете да го бакнувате штом влезете во станот, прегрнете го во утринските часови и кажете дека сакате убаво да го започнете денот…
Грешка 5: Водење љубов само во спалната соба
Не само што ова здосадува, туку е и ограничено. Користете ја и масата во кујната, гарнитурата, автомобилот, кадата…
Совет: Монотонијата го убива сексуалниот живот. Немојте да бегате од предизвиците. Тие ќе го освежат вашиот сексуален живот.
Грешка 6: Сексуална контола
Секот не е оружје за да го добиете она што го сакате. Тој треба да ги зближи луѓето и им дава задоволство. Одбивање на сексот бидејќи сте лути – не е добро (ова не значи дека треба да престанете кога не сте расположени или кога едноставно не сакате).
Совет: Ако самите свесно донесете одлука да се воздржите од сексот за да му “вратите” или да му одржите лекција, бидејќи сте се скарале – внимавајте! Сексот не е средство за манипулација.

You must be logged in to post a comment Login