Со мастурбацијата може да ги зголемите шансите за подобар оргазам со партнерот, а делува и како витамин, само е многу позабавно.
Одамна поминаа времињата во кои мастурбацијата беше прифатлива само за мажите. Еве неколку причини зошто е добра и за жените.
- Го подига расположението
кога сте во лошо расположение, оваа акција може да биде многу корисна. Според едно истражување, за време на мастурбација во крвотокот се излачува ендорфин, серотонин и останати хемикалии кои можат да ја намалат несоницата, стресот и крвниот притисок. Тие исто така можат да го намалат ризикот од депресија.
“Откако сте имале оргазам, тоа ве става во длабока состојба на опуштеност, која ќе ви помогне полесно да заспиете”, заклучиле експертите.
- Делува како витамин, но е многу позабавна
Со други зборови, мастурбацијата го подобрува имунолошкиот систем, зголемувајќи го нивото на кортизол и го намалува ризикот од дијабетес.
- Прочистува
Мастурбацијата е природен начин на чистење на бактерии, а тоа се случува како дел од процесот на возбуда. Токму циркулацијата на течности е она што им овозможува на бактериите да се изфрлат од телото.
- Ја покренува самодовербата
Дали сте забележале дека се чувствувате супер и самоуверено по оргазмот?
“Многу е важно да гледате на мастурбацијата како на љубов кон себе, бидејќи така ќе научите да се чувствувате добро во сопствената кожа”, истакнуваат експертите.
- Го зголемува шансите за подобар оргазам со партнерот
“Мастурбацијата помага да дознаете што ви се допаѓа, па ќе бидете во можност подобро да комуницирате со партнерот по тоа прашање, што ќе доведе до поголемо задоволство во спалната соба. Гледајте на тоа како на мало истражување, пред самото дефинирање на упатство за употреба”, додаваат експертите.

You must be logged in to post a comment Login