На прашањето што на мажите им е секси кај жените поголемиот дел од нив би рекле чипканиот долен веж, убава коса, гради, нозе, стриптиз…
Има и нешто што нив ги привлекува, а не е така вообичаено…
Истегнување
Без разлика дали само што сте станале од кревет или сте се уседеле на работниот стол, тој ќе подзастане да ве гледа кога ќе станете и добро ќе се истегнете. Постои нешто магично, што ги возбудува кога жената ги опушта мускулите.
Пот
Можеби на вас потта ви е бљак или замислувате ситуација во гратски превоз. Меѓутоа жена која свети од пот на мажот едноставно му доаѓа да ја допре. Дури иако капи од вас, се што тој гледа е секси и возбудливо.
Бранување
Иако вие се гнасите од начинот на кој се бранува салото или кожата додека одите, на нив им е интересно да го гледаат движењето на телото.
Лутење
Нема научно објаснување заошто мажите сакаат лута жена. Тоа едноставно е несватливо.
Несредена фризура
Иако саати потрошивте локните да ви изгледаат совршено, тој ќе ви ја пофали фризурата дури откако ќе ви ја упропасти од врткањето по креветот. Разбарушена и чупава коса просто мами да ја зграбите и на нив им е тоа многу секси.
Стрелачка
Ова е многу едноставно. Машките сакаат оружје и сакаат жени. Жена со оружје е совршен спој.
Фланел
Фланел кошула, трегер мајца и шорц – ќе одлепат!
Качкети
Бонус е и ако сака спорт, но без обзир, качкетот е супер сладок на било која жена.
Машка гардероба
Постојат и такви кои не се некои љубители, но ретко кој ќе и одолее на жена во тесно одело, бела кошула и тенка, олабавена вратоврска.
Заводливо грицкање на храна
Бананата не е секси. Машко кое јаде банана исто не е секси. Жена која јаде банана тоа е веќе нешто друго. Јасно ви е на што тоа ги саоцира!
Инструменти
Истражувањата покажуваат дека не е важно кој инструмент жената свири, секој ја прави многу попривлечна и секси.
Шипка за стриптиз
Што е тоа со мажите и стриптизот. Што има во жената која се врти околу шипка што е толку возбудливо? На нив очигледно им е.

You must be logged in to post a comment Login