• Сподели на:

10 работи кои не сте ги знаеле за кондомите

___

Општо познато е дека малите сигурносни гуми за сексот кои годишно се продаваат во преку 5 милијарди примероци, можете да ги набавите во различни големини, бои, мириси и вкусови, но сепак постојат неколку интересни работи за кондомите кои сигурно не сте ги знаеле.

Kondomi 1

Чудни Египетски цртежи

Иако археолозите и историчарите не можат да се сложат околу тоа, пронајдени се гиероглифи кои датираат уште од стариот Египет на кои на цртежите на мажите се наоѓаат работи кои неприкосновено потсетуваат на денешните кондоми. Најстариот цртеж за кое е потврдено дека прикажува некаква врста на кондом се пронајдени на скалите во француската пештера Les Combarelles, а се проценува дека се стари од 12.000 до 15.000 години.

Првата позната употреба

Колку што е познато, заштитните “навлаки” кои се користеле како денешните кондоми денес, се употребувале уште од 16-тиот век, а се произведувале од животински црева, додека во Кина се произведувале од свилена хартија. Во Јапонија во текот на 16-тиот век биле малку по радикални, па затоа тие употребувале и рогови од животни.

Употреба на кондоми за време на војна

Во текот на првата светска војна, војниците често употребувале кондоми како би ја заштитиле цевката од пушката од сол и во прилики кога имале потреба да пливаат во море, а често се употребувани и во ситуации каде песокот можел да направи дефект на пушката.

Kondomi 2

Модерни кондоми

Чарлс Гудјир во 1839 година открил начин на преработка на природна гума. Тој процес го патентирал во 1844, а се покажало дека гумата има свои предности кај производството на кондоми. Така првите гумени кондоми се произведени во 1855 година, а биле дебели како гума за велосипед. Во Англија и Америка често се употребувале кондоми кои го покривале само врвот на машкиот половен орган.

Кој ги купува

Статистиката покажува дека мажите се 70% купувачи на кондоми, а просечен корисник на кондоми е стар од 18 до 24 години. Но, не е занемарен ни процентот од 30% на жени кои сакаат да бидат спремни на ситуација која ќе треба да се употреби кондом

Најбројни корисници

Не не изненадува податокот дека најмногу корисници на кондоми има Америка. Секоја година во Америка се продаваат околу 618 милиони кондоми, што значи дека секој ден се продаваат по 1.7 милиони.

Kondomi 3

Облик и текстура

Што се однесува до обликот и текстурата на кондомот, секоја држава има свои фаворити меѓу кондомите. Американците преферираат обични кондоми, додека Европјаните повеќе купуваат кондоми соразлична боја која се наоѓа во привлечното дизајнирано пакување. Од друга страна, Бразилците преферираат кондоми кои имаат вкус на ментол.

Месец на кондомите

Февруари е во Америка прогласен за национален месец на кондомите, додека кај нас тој месец не се обележува.

Материјали

Во текот на долгата историја, кондомите се правеле од различни материјали како животински внатрешни органи, кожа од риби, свила или тенки кожи од животни.Сепак, поголемиот број модерни кондоми се произведени од латекс, а оние кои се алергични на латекс, достапни се и кондоми кои се направени од полиуретана или синтетичка полизопрена.


Оставете коментар

___