• Сподели на:

Принцезите на Дизни како жртви на семејно насилство

___

Уметникот кој стои позади овие постери порачува дека насилството може да му се случи секому!

 

Во новата кампања против семејното насилство, уметникот Сен Хоакс го поставува прашањето: Кога престана да те третира како принцеза?

Принцезите на Дизни како жртви на семејно насилство 1

 

Кампањата која ја подигнува свеста за семејното насилство, под називот “Happy Never After”, би требало да ги охрабри жртвите на семејното насилство да го пријават истото, но и да прати порака до сите дека станува збор за проблем кој се случува секаде и може да се случи секому.

Принцезите на Дизни како жртви на семејно насилство 2

 

–         Принцезите на Дизни се перцепираат како совршени жени – изјави Хоакс за HuffPost. Тие припаѓаат на бајковитите земји каде секоја приказна завршува со живееа среќно до крајот на животот. Но што се случува бидејќи таа реченица ќе се изговори?

Принцезите на Дизни како жртви на семејно насилство 3

 

Неговите вознемирувачки постери всушност покажуваат едно од можните сценарија, кое во реалниот живот многу често и се случува. Хоакс ги прикажува омилените карактери од цртаните филмови со модринки и крвави, внесувајќи ги во сржта на темата за семејното насилство ликовите со кои многу жени имаат пораснато.

Принцезите на Дизни како жртви на семејно насилство 4

 

–         Портретирајќи ги принцезите како жртви на насилство, сакав да ја претставам идејата дека ниедна девојка/жена не е безбедна од емотивно/физичко/сексуално насилство. Но жртвите не се сами и никогаш не е доцна да се превземе чекор кон нивна заштита – додава авторот.


Оставете коментар

___