Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Преболете го – со достоинство!

Знаеме, дека доколку вашиот бивши ве оставил на грд начин, веројатно сакате да му направите сцена и да ги искршите сите негови работи….

Но нема тоа да го направите, бидејќи долгорочно правите штета за самите себе. Наместо да размислувате да му покажете како се чувствувате, попаметно е да се занимавате со себе. Еве како да го преживеете прекинот на достоинствен начин.

Не му се јавувајте

После раскинувањето, не му се јавувајте три месеци. Воопшто. Не ве интересира како му е, ниту што прави. Во овој период дајте си време за себе да почувствувате се она што треба да се почувствува после раскинување и игнорирајте го бившиот. Доколку му се јавувате и ја одржувате комуникацијата, ќе добиете лажна надеж која нема да ви дозволи да продолжите напред.

Секогаш можете подобро

Ова е нешто што морате секојдневно да си го повторувате. Доколку верувате дека постојат дечковци кои се подобри од вашиот бивши, поголеми се шансите да сретнете. Доколку цело време повторувате дека единствен идеален дечко е вашиот бивши, нема да дадете шанса да запознаете некој нов.

Фокусирајте се на себе

Кога ќе раскинеме со некого, често почнуваме да ги преповторуваме позитивните особини на бившиот партнерот и да го идеализираме. Наместо тоа, почнете да размислувате на сите оние работи кои ве нервирале. Може да бидат и ситници, но важно е да сфатите дека не е идеален.

Држете се настрана од социјалните мрежи

Можеби имате потреба на својот Facebook профил да ја ставите “потресната“ песна од Адел и се надевате дека доколку ја види ќе сфати дека има згрешено…Но, немојте бидејќи нема да сфати ништо, а со својот пасивно-агресивен испад му давате до важност. Игнорирајте го раскинувањето, игнорирајте го бившиот, и бидете сосема нормални.

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...