• Сподели на:

После ова никогаш повеќе нема да користите стапчиња за уши

___

Веднаш после бањање посегнуваме по стапчиња за уши и дури откако ќе протриеме се чувствуваме целосно чисти. Стручњаците пак сметаат дека одржувањето на хигиена на овој начин е погрешно.

Светските хирурзи препорачуваат со стапчињата за уши никогаш да не го чистиме жолтиот восок, бидејќи тој има своја “цел“ во нашите уши. Ова маст, медицински позната како церумен има заштитна улога во нашите иши. Таа всушност го одржува каналот чист, бидејќи прашината која може да ги оштети ушните тапанчиња се задржуваат овде. Оваа жолтеникава маст има антибактериско својство.

Ушите всушност сами се чистат, бидејќи при движењето на вилицата додека јадеме или зборуваме исушениот и стар церумен се поместува подалеку од ушниот отвор. До проблем може да дојде кога стапчињата за уши доколку застарената маст полна со штетни состојки ќе ја потиснеме кон крајот на ушите, кога и самата од себе нема да може да се исчисти. Така потиснат восокот може да доведе до настанување на габична, бактериска и вирусна инфекција. Потенцијално ова ќе предизвика болка и непријатност, кои тешко се лечат. Буткањето на заштитниот восок се подлабоко во ушниот канал може да доведе до губење на слухот.

Поради многубројните компликации кои настануваат како последица на стандардната хигиена на ушниот канал, оториноларинголозите советуваат да ги оставиме ушите сами од себе да се исчистат. Најдобро би било никогаш да не користиме какви било препарати без претходна консултација со доктор, кој точно ќе не посоветува што и како треба да правиме. Дури и сите производители на стапчиња за уши препорачуваат користење само за надворешноста на ушните школки.


Оставете коментар

___