Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Посетете го Ангкор Ват од вашата столица преку интернет

Големиот комплекс на храмови во Ангкор Ват во Камбоџа за прв пат е дигитално мапиран, што овозможува на луѓето ширум светот да го посетат овој споменик на светската култура удобно од својата столица користејки го Google Street View.

Angkor Vat 1

Станува збор за проектот во пошироки акции, односно за привлекување на внимание за луѓе кои веројатно никогаш нема да можат да посетат некои места, ова е еден начин барем да ги видат тие културни и архитектонски светски чуда.

Како што пренесуваат странските агенции, Гугловиот виртуелен сервис снимил повеќе од милион фотографии на Ангкор Ват, а резултатот е 90.000 панорамски слики од 360 степени со повеќе од 100 храмови.

Angkor Vat 2

На корисниците им е дадена можност да зумираат и да ги разгледаат разните делови на комплексот. Кој е еден од главните туристички атракции на Камбоџа, но и овој дел од Азија.

–          Од неодамна го мапиравме Тац Махал, Големиот Кањон, планината Фуџи. Но големината на Ангкор Ват чини зафат без преседан – изјавил Маник Гупта, проект менаџер во Гугл Мапс. Тој ја нагласува важноста на овој проект.

–          Тоа е толку значаен споменик, луѓето за него говорат како за осмо светско чудо. И секој најмал ќоѓ содржи уметничко дело.

Angkor Vat 3

Ангкор Ват е џиновски комплекс на храмови кој се простира на површина од 2 километри и претставува најголема верка градба на светот. Се наоѓа на место на старата престолнина на Кмерското Кралство Ангкор, околу 240 километри северозападно од Пном Пен.

Angkor Vat 4

Изграден е во времето на кралот Сурјавам II во раниот 12 век како државен храм. Низ целата историја ја задржал религиската намена. Првобитно бил хиндуистички храм посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистичко светилиште. Ангкор Ват го симболизира врвот на класичниот стил од времето на Кмерското Кралство.

Angkor Vat 5

Храмот кој годишно го посетуваат околу 250.000 туристи, стана симбол на Камбоџа и се појавува на државното знаме, а се наоѓа и на УНЕСКО листата за светско културно наследство.

httpv://www.youtube.com/watch?v=rnK3Swwv08k

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement