• Сподели на:

Положбата во која спиете открива каква е вашата врска

___

Положбата во која спиете открива колку вашата врска е цврста и среќна, утврделе научниците од британскиот Универзитет во студијата која ја спровеле на 1100 луѓе. Паровите кои спијат поблиску едни со други се посреќни од оние кои ги дели повеќе од 75 сентиметри.

Повеќе од половината парови кои спијат свртени со лицето едни према други среќни се во врската, а истото тврди дека 74 проценти кои спијат со свртен грб, додека најсреќни се оние кои ги допираат грбовите или спијат гушнати заедно.

Околу 34 проценти спијат доволно блиску да се допираат, а 12 проценти ги дели помалку од 3 сентиметри. Од оние кои спијат гушнати, среќни се паровите кои се свртени со лицето на оние кои спијат во положба на лажица.

Претходните истражувања потврдиле дека луѓето кои спијат во фетална положба се неодлучни, анксиозни и склони на критикување. Спиењето на грб ги поврзува со отвореноста и самодовербата на луѓето, а на градите се перфекционисти. Луѓето кои спијат со полусвиткани нозе се помирливи и склони на компромиси.


Оставете коментар

___