• Сподели на:

По што мечтаат мажите?

___

Кога слушнавме што се е на листата на животните желби на мажите се изнасмеавме како да сме гледале добра комедија. Затоа што, неверојатно е колку нереални се некои од нив…

Сакаат многу често да имаат секс

Тоа е очекувано, како обавезен и најважен дел од животот. Не им е пресудно сите девојки со кои би спиеле да бидат згодни или привлечни на прв поглед. Поважни им се бројките, што повеќе толку подобро. Дури и ако се во врска или брак. Лесно ги одделуваат емоциите од како што викаат „физичкиот сексуален чин“. Без проблем можат да и се вратат на својата долгогодишна љубов во кревет, а два саати пред тоа биле на задното седиште од автомобилот и имале секс со девојка што ја виделе два пати во животот.
Добра работа

Пред се да се добро платени. Опуштено работно време. Нормално, секој викенд да е слободен. Се подразбира, директорска позиција. Странска фирма. никако поинаку. И пред никого да не одговараат. Има и такви кои би сакале да имаат своја фирма, но кога ќе ги прашате со што би работела истата, немаат јасна идеја. За биснис план, немаше потреба да се збори.
Живот како на филм

Кога зборуваат за живот од соништата, многу го споредуваа со Леонардовиот волк од Волстрит. Буквално, тоа им е синоним за совршен живот. Многу згодни девојки, брза заработувачка, премногу пари а ни малку физичка работа. Ги прашавме што мислат, зошто баш оние заслужуваат таков успех, и добивме прилично самоуверени ставови, кои по наше мислење, ретко кај кого причините биле аргументирани со факти.

 


Оставете коментар

___