Connect with us

Hi, what are you looking for?

runway

ЛАЈФСТАЈЛ

Одушевете го својот сакан со поклон испод елката

Не е важно дали сега сте почнале врска, или сте со години заедно, сигурни сме дека овие денови се прашувате што би можеле на својот сакан да му поклоните за празнициве. Но заборавате дека мажите се многу едноставни кои и не бараат толку многу. По правило, нешто од овие работи сигурно му требаат, а вие одберете што.

Паричник – Ова е можеби најтипичниот поклон порај книгите и краватите, но со тоа не можете да погрешите. Квалитетен, кожен паричник на секој маж му е потребен.

Часовник – Часовникот спаѓа во посериозните поклони и него го купуивате знаејки го стилот и афинитетот на својот маж. Квалитетен со кожен каиш е секогаш одличен избор.

Каиш – Класичниот каиш во топла кафена или црна боја е секогаш на крајот практичен подарок.

Торба за лаптоп – Се поголем број на мажи го носат лаптопот секаде со нив. Доколку вашиот дечко е еден од нив, ова ви е идеален подарок. Втората опција е ранец.

Табла за пикадо – Поголемиот дел од мажите обожаваат друштвени игри, па таблата за пикадо или некоја друга врста на игра е совршен подарок кој мужете да го оставите испод елката.

Футрола или маска за мобилниот – Ако пред скоро време земал нов телефон, тогаш со овој подарок многу би го изненадиле.

Капа – Кога ќе настане сериозниот минус и снегот, овој подарок сигурно ќе го воодушеви. Ако сте креативен тип, направете му самите капа, а доколку не сте, земете некоја крзнена која ги покрива ушите.

Будилник – Едноставен подарок кој ќе му послужи. Притоа, штом ќе ги отвори очите, првото на што ќе се сети сте вие.

Џемпер – Доколку до сега сте му купувале облека, тоа значи дека сте упатени во неговиот моден стил.

Долен дел од пижами – И мажите сакаат да се излежуваат во пижами. Зашто да не носи пижами кои вие сте му ги подариле?

Click to comment

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

Прочитај

ДИ ДЕЈ

Дали сакате да направите нешто оригинално на вашата свадба? Што мислите за мини торти за вашите гости? Свадбената торта обично е во центарот на...

Fool Moon

Коза е млада поп изведувачка од Турција што ја афирмира својата мизика, каде не ако не во Лондон. Синоќа ја објави втората песна работена...

ДИ ДЕЈ

Постојат многу различни модели на венчаници, бидејќи има повеќе типови на невести. Некои сакаат да имаат венчавка од бајќите и согласно на тоа да...

Лице

Кожата во зима станува сува и затоа пролетта е идеално време за да посветите поголема нега. Покрај секојдневната рутина која ја правите, чистење и...

Advertisement