Нема ништо необично во тоа да водите љубов на вашата годишница од брак, но малку е необично ако овој чин го овековечат професионални камермани и фотографи. Констанс Фулк и Ерик Фогел се успешни фотографи кои се снајдоа во персонализираната фотографија, пишува АБС.
Клиентите им плаќаат дури по 4 илјади долари за да бидат снимени додека водат љубов. Додека Констанс е фокусирана на уметничкиот дел, нејзиниот сопруг ужива во снимањето секси работи. Тој вели дека од неа научил да ја види уметноста во снимањето и фотографирањето на овие сцени, а притоа да не суди, односно да ги почитува “актерите”. Луѓето постојано бараат нешто со што ќе го зачинат својот сексуален живот, се повеќе луѓе сакаат да ги овековечат своите најинтимни моменти.


You must be logged in to post a comment Login